• Latest

Мицкоски: „Рекет“ не е можен без знаење на Заев

August 16, 2019

Две американски компании од автомобилската индустрија ги затвораат фабриките во Северна Македонија

November 11, 2025
Последиците од нападот со руски дрон врз Днипро, доцна на 16 април 2025 година. Фото: Борис Филатов/Телеграм

Милиони Украинци се соочуваат со темнина и студ по еден од најголемите руски напади врз енергетската инфраструктура

November 11, 2025

Европарламентот ја поддржа целта за намалување на штетните емисии за 90 отсто до 2040 година

November 11, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Се подготвува нова разузнавачка единица во ЕУ под водство на Урсула фон дер Лајен

November 11, 2025
Фото: Цветан Трипуновски/Фејсбук

Времено стопирана исплатата на средствата од ИПАРД програмата

November 10, 2025
Скриншот од видео на ВВС

ВВС во криза по откритието на Телеграф дека радиодифузерот ги заведувал гледачите при известувањата од САД и со „системската антиизраелска пристрасност“

November 10, 2025
Креирано со помош на ВИ

Вештачката интелигенција – новиот фронт на суперсилите во светската пропагандна војна

November 10, 2025

Градоначалникот на Гостивар смета дека назначувањето на „владин повереник“ е неуставно, ќе поднесе иницијатива до Уставен суд

November 10, 2025
Nicolas Sarkozy
Source> screenshot France 24

Поранешниот француски претседател Никола Саркози ќе биде ослободен од затвор

November 10, 2025

Шефот на СЗО апелира до Трамп: Повлекувањето на САД ќе има цена – човечки животи

November 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Мицкоски: „Рекет“ не е можен без знаење на Заев

August 16, 2019 14:52
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска ја обвини власта и премиерот Зоран Заев дека стојат зад „Рекет“ и ги штитат осомничените и криминалот.

На прес-конференција во партиското седиште, Мицкоски кажа дека „Рекет“ не е можен без поддршка и знаење на Заев. Посочи дека Катица Јанева се уште го води компромитираното СЈО, и оти треба дополнително да се испита улогата и на сите останати обвинители и помошници и можноста за постоење други вакви случаи.

Мицкоски забележа зошто Јанева не е во притвор, кога во минатото СЈО барало притвор за многу помали случаи.

– Јанева не е во притвор, може да избега, да влијае на сведоците и да го повтори делото. Нема правна држава. Ако ја имаше, Катица ќе беше во притвор, а главата на октоподот наместо со лисици на рацете немаше да се заканува на новинари и да забошотува криминали, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Како лажна ја оцени изјавата на Јанева дека ниту свесно ниту несвесно имала врска со „Рекет“. Објавените снимки, според него, покажуваат дека СЈО и првиот човек се вмешани.

Потсети и на изјавата на Заев дека и верува на Катица и дека е човек со капацитет. – Сакаше да ја унапреди за републички јавен обвинител, а другите обвинители од СЈО да продолжат во новото обвинителство. Сака компромитираното СЈО да го преслика во обвинителскиот систем. Тоа сака да го направи со закон. Тоа не може да помине, рече Мицкоски.

Тој обвини и дека НВО на еден осомничените за „Рекет“ важи за чедо на СДСМ и оти има сомнежи дека е параван за многу други криминални случаи.

– Зоран Заев е во состојба да се откаже од сите за самиот да се спаси. Заев е должен да каже какви докази крие семејството на еден од осомничените, кој се е вклучен во белградската врска на мешетари и кои се луѓето што се офајдиле од куфер политиката. На што се должи заладувањето на реториката на Заев кон Јанева и Боки 13, изјави Мицкоски.

На новинарско прашање дали имал контакт со осомничениот Зоран Милески Кичеец и дали примил пари од него, Мицкоски рече дека таквите тврдења се обид на власта да го вмеша во „Рекет“. Тврди дека луѓе од власта „му нуделе милост на Кичеец за да даде таков исказ“.

– Нека дадат доказ дека тоа се случило и јас сум подготвен да понесам одговорност и сам да се пријавам во затвор, кажа Мицкоски.

Во врска со законот за ЈО, изрази надеж дека по годишните одмори ќе продолжат разговорите. Барањата на ВМРО-ДПМНЕ, псочи, се почитување на Уставот и законите, а не да бидат прекинати веќе почнатите постапки за актуелни и поранешни членови на оваа партија.

Прашан дали ВМРО-ДПМНЕ и натаму инсистира на предвремени парламентрани избори,  Мицоски кажа  остануваат на ставот дека тие се потребни час поскоро, но оти за тоа се потребни 61 пратеник во Собранието, што ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ги нема. Затоа го повика владејачкото мнозинство и, како што наведе, разочараните од владеењето на Зоран Заев, да се приклучат кон барањето за предвремени избори.

Мицкоски не откри со каква стратегии натаму ќе настапува опозициската партија, но рече дека следните чекори ќе бидат изненадување за власта, која, како што наведе, жестоко ќе биде поразена на наредните избори.

извор: МИА

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ