• Latest

Мицкоски се чуди како недостасуваат ресурси за кризна состојба, иако неговата партија 10 години ги кратеше

March 19, 2020
Nepali Parliament set on fire by Gen. Z protesters
Source> screenshot from Al -Jazeera video

Непал: Парламентот во пламен, соборен премиерот, демонстрантите од Генерацијата З бараат поголема застапеност

September 11, 2025

(ВИДЕО) Шефот на полското МНР, Радослав Сикорски ја обвини Русија дека намерно го нападнала воздушниот простор на Полска

September 11, 2025
Фото: Скриншот од видео на The Guardian

Генералниот комесар на UNRWA: Целосната неказнивост и недостатокот на емпатија го претворија животот на жителите на Газа во пекол

September 11, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Потрагата по убиецот на конзервативниот активист Чарли Кирк продолжува, Трамп вели ова е „темен момент за Америка“

September 11, 2025

На полноќ завршува јавниот увид во Избирачкиот список за Локалните избори 2025

September 11, 2025
Фото: Скриншот од видео на МИА

За Мицкоски не биле алармантни параметрите на штетните честички по здравјето на граѓаните, тоа било само визуелно

September 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

(ВИДЕО) Фон дер Лајен: Ова мора да биде Моментот на независноста на Европа

September 10, 2025
фото: ВИ

24 ЧАСА: Полска собори руски дронови; EXIT демантира дека се преселува во Скопје; Макрон го назначи Лекорну за премиер

September 10, 2025
Првиот Ром кандидат за градоначалник на Град Скопје, адвокатот Срџан Амет / фото: А. Мехмети, ЦИВИЛ

Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

September 10, 2025
Фото: Лукоил Македонија/Фејсбук

ЦИВИЛ прашува – Лукоил, МНР и Економија молчат

September 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Мицкоски се чуди како недостасуваат ресурси за кризна состојба, иако неговата партија 10 години ги кратеше

March 19, 2020 22:15
in ВЕСТИ, ХИБРИДНИ ОПЕРАЦИИ
Share on FacebookShare on Twitter

Барајќи да биде прогласена вонредна состојба поради пандемијата на КОВИД-19 непосредно пред таа да биде официјално прогласена, а откако со денови инсистираше на прогласување кризна состојба, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на прес-конференцијата на  18 март (2020)  даде изјава која ја оценуваме како полувистина.

… Вчера со директно признание на претседателот Пендаровски дознавме една поразителна информација, дека постои дилема за воведување на кризна состојба бидејќи има недостаток на државни ресурси квалитетно и ефикасно да се покрие државата, што е огромен скандал особено ако кризата се продлабочи, за што упатуваат сите сериозни фактори, но во овие моменти од посочување на показалецот фајде нема, и ова е посебна тема за која ќе зборуваме и ќе се навратиме откако  ќе заврши цела оваа состојба со пандемијата од корона вирус, рече Мицкоски

[Извор:Курир – датум: 18.03.2020]

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Оваа изјава на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски е делумно точна.

Точно е парафразирана констатацијата на претедателот Стево Пендаровски дека „има недостаток на државни ресурси квалитетно и ефикасно да се покрие државата“, но прилично проблематичен е делот во кој Мицкоски тврди дека „вчера со директно признание на претседателот Пендаровски дознавме една поразителна информација“.

Имено, Мицкоски можел дури вчера да ја дознае таа поразителна информација само ако бил изолиран од какви било информации во периодот кога владеела неговата партија, особено по 2008 година.

Во својата изјава, зборувајќи за контрола на движењето во кризна состојба, Пендаровски вели дека:

Со комплетно ангажирање на армискиот состав, со комплетно ангажирање на полицискиот состав и на квалификуваните здравствени работници, ние тоа не можеме да го направиме на целата територија.

Но, Мицкоски не може да не знае каква е и зошто е таква состојбата со силите за безбедност, особено со состојбата на војската, затоа што неговата партија додека беше на власт цела деценија го намалуваше буџетот за одбрана.

Несоодветното финансирање во последната декада резултираше со негативно кумулативно влијание врз способностите и капацитетите на АРМ. Финансирањето во минатиот период беше едвај доволно за да се одржуваат средствата со кои располагаме, но не и да се опремуваме и модернизираме во согласност со планираното. Моменталната состојба во АРМ е одраз на недоволни инвестиции во одбраната во подолг временски период, стои во Стратегисткиот одбранбен преглед, документ за оценка на состојбата и проекција за развој на одбраната, кој беше усвоен во јуни 2018 година. (за кој во септември 2018 г. пишуваше Мета)

Покрај тоа, не се вработуваа нови професионални војници, а цела деценија немаше ниту курс за подофицери.

Поради постојаните кратења на буџетот од 2008 до 2017 година, АРМ петнаесет години не можеше да ја достигне бројната состојба од 8.167 војници, проектирана уште со Стратегискиот одбранбен преглед во 2004 година. Војската до денес успеа да стаса до бројна состојба од околу 6.800 војници, која е и новата проекција со  Стратегискиот одбранбен преглед (СОП) од 2018 година. (објави Мета во јуни 2019)

Буџетот на одбраната се зголемува, а војската се подмладува, но ќе и треба време да го надомести преполовувањето на буџетот.

Мицкоски би морал да знае и за состојбата во полицијата. Уште во 2016 година, тогашниот пратеник и претседател на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, предупредуваше на десеткување на полицијата:

Станува збор за целосна партизација на полицијата, процес кој владејачката гарнитура го спроведува во континуитет. Трајанов вели дека во изминатите неколку години, околу 3.000 полициски службеници, користејќи ги новите услови за пензионирање, го напуштиле министерството, а сега на нивно место се вработуваат кадри чија селекција оди под партиски клуч.

И во МВР се надоместува одливот на кадар од минатите десетина години. Според извештаите на Министерството за информатичко општество и администрација за бројот на вработени во јавниот сектор, во периодот од 2015 до 2018 година, бројот на вработени во МВР се зголемил за 1.120 лица.

Има уште многу илустрации за генезата на состојбата, но и овие се сосема доволни за во оваа делумно вистинита изјава на Мицкоски да се препознаат јасни елементи на спинување. Па, во таа смисла, зачудува тоа што Мицкоски, заборавајќи на причините поради кои државата денес има ограничени капацитет за да се справи со кризната состојба, се изненадува од состојбите кои ги предизвика токму неговата партија (ВМРО-ДПМНЕ) кога беше на власт.

ИЗВОРИ:

  • Курир (18.03.2020): Пендаровски откри голем скандал- дека државата нема ресурси за кризна состојба, (Пристапено на: 18.03.2020)
  • МКД (17.03.2020): Пендаровски: Немаме ресурси да покриеме кризна состојба на цела територија, (Пристапено на: 18.03.2020)
  • МЕТА (16.09.2018): АРМ по пет години ќе го достигне буџетот што го имаше од пред десет години (инфографик) , (Пристапено на: 18.03.2020)
  • МЕТА (20.06.2019): Војската ќе се подмладува со по 250 нови војници годишно, (Пристапено на: 18.03.2020)
  • МЕТА (21.06.2019): Годинава првпат по десет години курс за подофицери во АРМ, (Пристапено на: 18.03.2020)
  • МЕТА (23.11.2018): Шекеринска: Втора година по ред буџетот за одбраната расте, 135 милиони евра за 2019, (Пристапено на: 18.03.2020)
  • МЕТА (30.10.2018): И со зголемен буџет, на АРМ ќе и треба најмалку една деценија да се доопреми, (Пристапено на: 18.03.2020)
  • МЕТА (15.07.2016): МВР со новите 600 полицајци продолжува со партизација на полицијата, сметаат експертите, (Пристапено на: 18.03.2020)
  • МИОА Годишен извештај за податоците од регистарот на вработените во јавниот сектор за 2015 и 2018 година, (Пристапено на: 18.03.2020)

Оцени: Игор К. Илиевски

извор: Вистиномер 

Print Friendly, PDF & Email
Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    123 shares
    Share 49 Tweet 31
  • (ВИДЕО) AA: Србија денес ја прогласи Северна Македонија за српска територија, Владата го одобри тоа со присуство на вицепремиерот Стоилковиќ

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Зависна независност

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ