• Latest

Мицкоски се возел во бизнис класа оти го болеле колената, од СДСМ прашуваат – дали и трите министри имаат проблеми со колената?

July 23, 2024

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Мицкоски се возел во бизнис класа оти го болеле колената, од СДСМ прашуваат – дали и трите министри имаат проблеми со колената?

July 23, 2024 12:05
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Мицкоски во интервјуто за Топ тема на Телма кажа и дека од Виена до Вашингтон летал во бизнис класа оти има проблем со колената и ако патува на долг лет во економска класа еден ден нема да може да функционира.

„Кога патував од Виена до Вашингтон и од Њујорк до Виена патував со бизнис класа бидејќи имам проблем со колената и потоа не можам еден ден да бидам функционален бидејќи сум повисок и затоа одбрав така. Но, од Скопје до Виена и од Виена до Скопје бев во економска класа накај излезот за итни случаи. Обично седам на излезот за итни случаи поради тоа што има повеќе простор за нозете, некаде помеѓу 11-иот и 12-иот ред. Кога летав за Лондон седев помеѓу 11-иот и 12-иот ред од седиштата на компанијата ‘Аустријан ерлајнс’. И во минатото сум правел така и во иднина ќе така ќе биде“, објаснуваше Мицкоски во интервјуто на Телма телевизија.

Тој додава дека ако имавме како држава пристојно летало ќе отидеше на Самитот и веднаш ќе се вратеше,  како што имаат сите, како нашиот сосед Србија, вклучително Орбан, Макрон, Шолц.

„Толку многу е крадено од оваа држава што една цела флота е однесена. Ќе отидев ќе го завршев самитот и ќе се вратев,  јас на три дена бев на пат и постоеше можност да не се вратам поради проблемот кој откажа повеќе од 1000 летови во Европа“, рече Мицкоски.

Од СДСМ велат дека премиерот Мицкоски ги призна луксузните патувања со бизнис класа, скапите карти до 20.000 евра платени со народни пари. И повторно се обиде да излаже.

„Со смеа и неверување јавноста и граѓаните ги слушнаа „оправдувањата“ на Мицкоски дека причина биле проблеми со колениците. Дали сите 3 министри во Владата на Мицкоски кои беа во Вашингтон на државна сметка имаат исти проблеми со колената па мораат да патуваат со бизнис класа? А кога се сликаше на Водно како се качува Мицкоски имаше ли проблем со колениците? Мицкоски лаже и си игра мајтап со тие што го плаќаат, граѓаните. Скапи авионски летови и бизнис класи од 20.000 евра, часовници од 60.000 евра, имоти на поклон од 300.000 евра додека вели дека нема пари за поголеми плати за работниците“, велат од СДСМ.

Опозициската партија додава дека ова ја покажува ароганцијата и потценувањето на граѓаните, но и начинот на којшто ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ќе се однесуваат, душмански со парите на граѓаните, за сопствени луксузирања.

Д.М.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result