Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на Фејсбук објави дека има ново парламентарно мнозинство, објаувајќи фотографии од заедничка средба на која освен него и партискиот потпретседател Александар Николоски, се присутни и Димитар Апасиев од Левица, Арбен Таравари и Халил Снопче од Алијанса за Албанците, Африм Гаши од Алтернатива и Арианит Хоџа од БЕСА.
„Новата иднина доаѓа, ново време и нова надеж. Не чекаат силни предизвици, свесни и благодарни за поддршката заедно ќе успееме. Македонија ќе успее! Имаме ново парламентарно мнозинство“, напиша Мицкоски на Фејсбук.