• Latest

Мицкоски: Замрзнувањето на цените не е популарна мерка, но Владата мора да реагира, трговците да бидат одговорни

September 3, 2024

Руски разузнавач уапсен во Белград, а потоа ослободен следниот ден

November 13, 2025
Фотографија: WIkimedia Commons

КОП30: Активисти бараат глобален договор за укинување на фосилните горива

November 13, 2025

САД го бојкотираат самитот на Г20 во Јужна Африка

November 13, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО КУМАНОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Фото: Инстаграм

(ВИДЕО) Глувци шетаат во тоалет во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје – студентите добиле одговор: „Од глувци ли се плашите?“

November 13, 2025
Скриншот од видео на
Просто Путин

„Не е гостилница за верници на Путин“ – Контроверзниот руски рапер доби забрана за влез во Литванија

November 13, 2025
Александар Сирскиј, Врховен командант на вооружените сили на Украина. Фото: Фејсбук

Сирски: Покровск не е опкoлен, но останува главна цел на Русија

November 13, 2025
Скриншот од видео на
BeWisePL - info z polityki polskiej i zagranicznej

„Полска би можела да биде закана за нас“, вели ко-лидерот на германската крајна десница, отфрлајќи ја секоја непосредна опасност од Русија

November 13, 2025
Фото: wikimedia commons

Европа и Блискиот Исток во трка за имотите на „Лукоил“ пред санкциитена САД – а кај нас?

November 13, 2025
Фото: Фејсбук на руската амбасада во Македоија/Иван Стоиљковиќ

Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Замрзнувањето на цените не е популарна мерка, но Владата мора да реагира, трговците да бидат одговорни

September 3, 2024 14:09
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Не е популарна мерка да замрзнувате цени и да ограничувате маржа. Тоа нема врска со пазарна економија. Но, кога гледате дека одговорноста е се помала и дека имате дуопол, триопол, а некогаш и монопол на пазарот, тогаш како Влада мора да реагирате со ваков тип мерки со кои ќе работите во интерес на граѓаните, оние кои ве гласале, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски во врска со најавата дека се подготвува план за лимитирање на цените на производите што се неопходни за успешен и порелаксиран почеток на учебната година.

Според Мицкоски, сите граѓаните треба да се однесуваат одговорно, вклучувајќи ги и трговците.

-Сите треба да сме одговорни, да споделуваме одговорност и со таа одговорност да одговориме на потребите на граѓаните. Како Влада цениме дека на овој начин, а подоцна во денот откако оваа одлука ќе биде усвоена ќе имаме прес-конференција и во Владата ќе објасниме и ќе направиме симулација што значи оваа одлука и колку ќе заработат трговците, колкава ќе биде заштедата на домаќинствата и очекуваме дека сите ние заедно во овој тежок период треба да понесеме дел од својата одговорност и да одиме напред, рече Мицкоски, одговорајќи на новинарски прашања по пуштањето во употреба на доградбата на градинката „Гоце Делчев“ во општина Илинден.

Тој укажа дека трговците зависат од потрошувачката моќ на граѓаните.

-Колку е таа потрошувачка моќ поголема, толку и трговците ќе бидат позадоволни. Тоа е причински-последично поврзан процес. Очекувам да се постапи, доколку не се постапи се разбира има закони во оваа држава и законите ќе бидат аплицирани, истакна премиерот.

За маржите кои трговците треба да ги прилагодат до крајот на септември, премиерот е уверен дека се ќе биде завршено во најдобар ред.

-Денеска е третиот ден од септември. До крајот на септември имаме уште 27 дена. Јас сум убеден дека се ќе биде завршено во најдобар ред, нагласи премиерот.

На прашањето како го коментира ставот на дел од економистите кои тврдат дека доколку дојде до намалување на даноците за оние од 10 на 5 проценти може државата да се соочи со санкции и да биде ставена на црната листа, Мицкоски одговори дека „поради дел од тие економисти се наоѓаме во оваа ситуација“. Владата, потенцира, ќе направи реформа во даночниот систем и санкции нема да има.

-Да, ги слушнав тие економисти и поради дел од тие економисти ние се наоѓаме во оваа ситуација во која се наоѓаме. Ние ќе направиме реформа во даночниот систем и нема да има санкции да бидете убедени во тоа и Македонија ќе остане земја со најниска даночна политика во Европа. Зошто е тоа важно, зашто ни се потребни инвестиции, зашто инвестициите носат нова технологија, знаење, отвораат нови работни места. Нашиот следен чекор е да креираме добро платени работни места и тоа е целта на оваа Влада уште откога бевме во опозиција па до денеска. Затоа не гласаа граѓаните, излеговме со програма на изборите, добивме 450 000 гласа. Можеби тие економисти кои заговараат повисоки даноци не не гласале нас, имале други политички опции, но тие се сега поразени. ВМРО-ДПМНЕ и политичката коалиција Вреди и ЗНАМ се Влада, имаме повеќе од 600 000 граѓани кои ни дадоа легитимитет и ние мора да се држиме до тоа што сме го ветиле на граѓаните, а не тоа што го кажуваат оние поразени економисти коишто претпоставувам поддржувале други политички опции, рече Мицкоски.

Фото: МИА архива / Влада 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ