Техничката Министерка за труд и социјална политика Рашела Мизрахи го вработила Марио Тавиќ, поранешниот возач на поранешниот министер за труд и социјални политики Диме Спасов.
Според приложениот договор до кој дојде мониторинг тимот на ЦИВИЛ, се гледа дека Тавиќ е ангажиран од 3 февруари 2020 до 1 мај 2020 година, кога ѝ завршува мандатот на Мизрахи, како возач во Министерството.
Марио Тавиќ е поврзан со сообраќајката во која учествуваше поранешниот министер Спасов во владата на Никола Груевски. Возачот на Спасов своевремено тргна да го спасува својот шеф, па тврдеше дека го управувал возилото, а не министерот, за подоцна повторно да ја смени изјавата, откако со видео снимки се потврди дека Диме Спасов бил на возачкото место.
Министерката Мизрахи ваквото кадровско решение го носи без согласност на дополнителната заменик министерка за труд и социјална политика, Санела Шкријељ.
Б. Ј.