• Latest

Младите правници го поздравуваат стапувањето во сила на Законот за меѓународна и привремена заштита

April 18, 2018
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Младите правници го поздравуваат стапувањето во сила на Законот за меѓународна и привремена заштита

April 18, 2018 09:25
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Македонското здружение на млади правници (МЗМП) го поздравува донесувањето на Законот за меѓународна и привремена заштита, што ја регулира областа на меѓународната заштита во Република Македонија и смета дека ова законско решение претставува значаен чекор напред кон хармонизација на македонското законодавство во оваа област со правото на ЕУ.

Законот за меѓународна и привремена заштита од утре ќе стапи во сила со што ќе престане да важи досегашниот Закон за азил и привремена заштита кои беа донесени во 2016 година.

Од МЗМП истовремено изразуваат загриженост за процесот на донесување на Законот во кој не беа вклучени сите релевантни актери, како и за начинот на уредување на новата законска мерка ограничување на слободата на движење на барателите на право на азил.

Спорните одредби на досегашниот Закон беа донесени во 2016 година и ограничија две суштински права за лицата кои изразиле потреба од меѓународна заштита во Република Македонија: правото на семејно обединување и пристапот до ефективна постапка за азил.

По повод овие измени Македонското здружение на млади правници реагираше до надлежните институции со барање измените да се повлечат и беше дел од Иницијативата на Народниот правобранител за измени на законот која беше поднесена до Владата на РМ.

Со новиот Закон за меѓународна и привремена заштита, како што велат од МЗМП во денешното соопштение, надмината е загриженоста која произлезе како резултат на спорните законски решенија.

МЗМП воедно ги цени како позитивни напорите за понатамошно усогласување на македонското законодавство од областа на азилот со европските директиви.

Од МЗМП изразуваат загриженост за една од најкрупните промени што новиот Закон ја воведува, а тоа е можноста за ограничување на слободата на движење на баратели на право на азил.

– Согласно новата мерка, на лицата кои побарале азил во Република Македонија и за кои во моментот се води постапка за признавање право на азил, во одредени случаи утврдени во законот може да им се ограничи слободата на движење со решение на Министерството за внатрешни работи, појаснуваат од МЗМП.

Според МЗМП, иако оваа нова законска можност е усогласена со европското право, отсуствуваат гаранциите за правата на барателите на право на азил во овие случаи кои Директивата 2013/33/ЕУ ги познава, а се однесуваат на времетраењето и условите на ограничување на слободата на движење, како и на посебните правила во однос на децата, семејствата и барателите на право на азил од женски пол.

МЗМП е на ставот дека ограничувањето на слобода на движење на барателите на право на азил треба да биде користено само како последна можна мерка и дека нејзината примена кон деца е недозволива.

Во оваа насока, додаваат дека треба да бидат достапни соодветни алтернативи кои ќе обезбедат заштита на правата, достоинството и благосостојбата на овие лица.

– Новиот закон беше донесен во еден недоволно инклузивен процес, без да биде вклучен граѓанскиот сектор кој работи во оваа област и без јавна расправа, кои се важни предуслови за носење на квалитетен закон во отворена и транспарентна атмосфера, велат од МЗМП и изразуваат надеж дека периодот што следи ќе се искористи за сеопфатен национален дијалог во Република Македонија, преку кој ќе се идентификуваат слабостите на дел од новите законски решенија и соодветно ќе се одговори на нив, а со цел целосно исполнување на меѓународните стандарди и обврски во делот на заштитата на лицата кои бараат меѓународна заштита.


Извор: МИА

Tags: Закон за меѓународна и привремена заштитаМлади правници
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ