Младинските тимови на ученици од Ресен, Црнилиште, Куманово, Велес и Дебар вклучени во реализација на проектот „Јакнење на малцинствата и специфичните групи за промовирање на партиципативната демократија на ниво на заедницата фаза 2“, имаа средби со градоначалници и локални советници од Општинските совети и претставници на локалната администрација. Овој проект го реализира Центар за граѓанска иницијатива – Прилеп а е поддржан од ifa/Zivik програмата во склоп на Федерална канцеларија за надворешни работи на Сојузна Република Германија.

На отворената дебати учениците имаа свои размислувања, дискусии и барања. Она што учениците го покажаа како интерес беше повеќе простор за културни настани и повеќе културни настани, некои од предлозите беа збогатен фонд на библиотеката со белетристика, простор за културен центар опремен со музички инструменти простор за танцување и слично.

Како потреба учениците побараа повеќе спортски теренеи, терени со рефлектори за ноќно спортување и изградба на затворен базен кој ќе може да се користи од сите граѓани и во летните и зимските денови . Во делот на инфраструктурните проблеми беа побарани повеќе спортски патеки, беа потенцирани проблеми со недостаток на паркинг простор и несовесно возење и организран транспорт низ општината меѓу селата.
Младинските тимови и во текот на летните месеци ја потврдија својата активност и посветеност во реализиацијата на проектот.
Овој проект се реализира втора година и во истиот се вклучени 10 средни училишта од 10 различни општини од нашата држава.












