Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации денеска ќе потпише меморандум за соработка со Факултетот за безбедност.
Меморандумот ќе го потпишан директорот на Дирекцијата Стојан Славески и директорот на Факултетот за безбедност Никола Дујовски.
Освен меморандумот, директорот на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации ќе одржи предавање за безбедносната култура и заштитата на тајните информации во безбедносниот систем на Македонија.
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини