• Latest
Иџет Мемети

Мемети: Нефункционалните институции спроведуваат партиски агенди!

March 30, 2017

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Мемети: Нефункционалните институции спроведуваат партиски агенди!

March 30, 2017 12:52
in ОПШТЕСТВО
Иџет Мемети

Иџет Мемети

Share on FacebookShare on Twitter

„На овие избори Државната изборна комисија, како и сите други органи надлежни за спроведување на изборниот процес, потфрлија во очекувањето за квалитетно спроведување на изборите. Имаме проблематичен Избирачки список, на голема група затвореници, на лица сместени во старски домови…, им беше ускратено правото да гласаат, лица што никогаш не ја напуштиле земјата и имаат валидни документи се пронаоѓа на списокот на иселеници. ДИК не се одважи да го спроведе законот и да ги избрише фиктивните гласачи“, се вели во Извештајот за состојбите со човековите слободи и права во 2016 година, што денеска го презентираше Народниот правобранител Иџет Мемети.  Тој тврди дека е зголемен бројот на констатирани повреди на човековите слободи и права.

„Во извештајот не се констатирани позитивни промени, туку напротив, констатирам стагнација, а во некои области и назадување, што се потврдува и со зголемениот број на констатирани повреди на човековите слободи и права, за четири проценти“, посочи Мемети.

Извештајот дава осврт за 1.523 повреди на човековите слободи и права, од кои, во 1.358 случаи беа прифатени интервенциите. Сепак, надлежните институции не постапуваат според препораките за констатираните слабости за општите состојби, за кои беа изготвени голем број посебни извештаи.

„Имавме и сè уште имаме крајно исполитизирани и нефункционални институции, а некои од нив спроведуваа и партиски агенди, полициско непрофесионално и брутално постапување, прекумерна употреба на сила на затворската полиција спрема осудени лица и отсуство на системска здравствена заштита во казнено-поправните установи“, се вели во извештајот.

 

Народниот правобранител се осврна и на полициската бруталност за време на Шарената револуција.

„Малтретирање во вршење служба и нечовечко, понижувачко и нехумано постапување на полицијата констатиравме на масовните протести на граѓаните против одлуката на претседателот за помилување на поголема група функционери и службени лица, како и при транспортот на обвинетите во ‘кумановскиот случај’“, се оценува во извештајот.

Во однос на состојбата во затворите, Мемети вели: „Продолжи декларативното ‘подобрување’ на условите во затворите, затворениците и натаму престојуваат во крајно нехумани и нечовечки услови, а ускратено им е и правото на здравствена заштита, иако тоа им е гарантирано. Во затворите попладне наместо лекар, лекуваат затвореници, и тоа само поради фактот што властите повеќе од три години не ги спроведуваат нашите препораки – здравствената заштита да се врати во Управата за извршување на санкциите, и да се обезбеди соодветен и ефикасен пристап до здравствените услуги“.

Групните вработувања, било по етничка или по партиска основа, се уште еден од проблемите за кои се пишува во извештајот, според што се врши груба манипулација на граѓаните. Како што вели Мемети, крајно разочарувачка е констатацијата дека администрацијата, наместо во полза на граѓаните, работи во полза на партиите.

Во извештајниот период не само што не се бележи подобрување во однос на почитување на принципот на еднаквост и недискриминација, напротив, има зголемување на поплаките за нееднаков третман за околу 20 отсто, при што најбројни се оние кои се однесуваат на дискриминација во работниот однос во јавната администрација, а со политички елементи.

„Би сакал да истакнам дека и натаму има институции што не  ја разбираат улогата на Народниот правобранител, па и покрај законската обврска, едноставно не соработуваат, а некои и грубо ја попречуваат работата. Медиумите преку објективното информирање можат да помогнат за надминување на оваа состојба, а со тоа и да придонесат за промоција, унапредување и заштита на човековите слободи и права“, заклучува Мемети.

Извештајот се осврнува и на проблемите со правосудниот систем, со социјалната заштита, со вториот пензиски столб, со хаосот што настанува поради „Мој термин“, на проблемот со кој се соочуваат жените од Шуто Оризари кои немаат гинеколог, со високите сметки на ЈП „Водовод“, со наплатата што ја врши МРТВ, со почитувањето на децата и нивните права, како и состојбата со почитување на правата на непридружуваните деца-бегалци.

М. Теговска

Tags: ombudsmanДИКманипулација со граѓанитенефункционални институцииповреди на човекови права и слободиполициската бруталностсостојба во затворите
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ