• Latest

Многу прашања ќе бидат јасни по изборите!

March 26, 2019

ДИК утре ќе ги објави конечните резултати од првиот круг на локалните избори – разрешени избирачки одбори во Шуто Оризари

October 27, 2025
Фото: МВР

Приведени двајца полицајци за грабежот на златарницата во Гостивар

October 27, 2025
Креирано со помош на ВИ

Новата нуклеарна ракета на Путин – демонстрација на сила или страв од пораз?

October 27, 2025

ЕУ ја потпиша Конвенцијата на ОН за борба против сајбер криминалот

October 27, 2025
фото: Џ.Д. / ЦИВИЛ

Приведени две лица од раководството на „Комунална хигиена“ – меѓу нив и директорот Сабахудин Рустеми

October 27, 2025

ЕК распиша конкурс за проекти за прекугранични новинарски партнерства и медиумски плурализам

October 27, 2025
Поранешниот секретар на НАТО, Лорд Џорџ Робертсон. Фото: Скриншот од видео на
UK in Austria

Поранешниот шеф на НАТО: Српската православна црква е главен дистрибутер на руските политички интереси на Балканот

October 27, 2025
Војо Маневски

На премиерот (ќе) нема кој да му пишува

October 27, 2025

Инспектор од Струмица пукнал во полициска станица откако добил отказ!

October 27, 2025

Пет дена до изборниот финиш! Мицкоски со критики до Рамадани, Филипче најави „чистка“ во СДСМ

October 27, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Многу прашања ќе бидат јасни по изборите!

March 26, 2019 17:23
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

ИВЗ пишман – аџија

Исламската верска заедница привремено го повлекува ултиматумот, за да не бидат политички злоупотребени во пресрет на претседателските избори. Порачаа дека нема уцена, но има дискриминација.

Од ИВЗ повикаа за надминување на проблемите, откако вчера премиерот Зоран Заев рече дека зад писмото на исламската верска заедница гледа лични интереси, и дека како и сите други религиски заедници и ИВЗ треба правдата за имотите да ја бара на суд.

Раководството на ИВЗ не се откажува од денационализација на имотот, битка која ја водат веќе 20 години.

Пред неколку дена ИВЗ и Владата влегоа во отворен конфликт, преку медиумите за прашања за кои подолг период имале недоразбирања. Владата на Република Северна Македонија јавно го соопшти одговорот упатен до раководството на Исламската верска заедница и до Реисул Улема х. Сулејман еф. Реџепи, после добиено писмо од ИВЗ кое содржи вид на уцени, закани и ултиматуми за предмети за кои се водат постапки пред надлежните институции.

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, по ултиматумот од ИВЗ, порача дека не прифаќаат никакви уцени.

„Ова писмо од ИВЗ е уцена. Ние порачуваме дека не гледаме поинаков начин за решавање на проблемите освен разговарање и работа како разумни луѓе“, изјави Спасовски.

Заев и Мицкоски сепак ќе дебатираат

Иако премиерот Заев на вчерашното гостување на трибината „Фер општество, шанса за сите“ во Куманово, за Мицкоски рече дека е тешко да се дебатира со него бидејќи бил неодговорен и дека за многу важни работи не помага на државата, сепак ја прифати понудата за тв-дуелот во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.

Во најавата на Канал 5 велат дека ТВ дуелот ќе трае 100 минути, со ограничување на одговорите на прашањата во времетраење од 2 минути и соговорниците ќе имаат можност за размена на реплики и контра-реплики.

За Груби поддршката за Пендаровски ќе им донесе гувернер Албанец

Принципот на консензуалност ќе ни донесе гувернер на НБРСМ да биде Албанец, изјави пратеникот на ДУИ, Артан Груби, на гостувањето во емисијата „Click Plus“ на ТВ 21.

„Како што Талат Џафери стана прв министер за одбрана, Агим Нухиу прв министер на МВР, народниот правопранител е Албанец, така ќе успееме да имаме и Гувернер“, рече Груби.

Тој додаде дека во 2014 година, Стево Пендаровски бил партиски канидат на СДСМ, додека сега неговото кадидирање било концепт кој ќе го промовира ДУИ.

Мониторинг на ЦИВИЛ

ЦИВИЛ будно ги следи состојбите на теренот и веќе констатира низа недоследности, нерегуларности и негативни појави во овој изборен процес.

Како и секогаш, ЦИВИЛ, како организација за човекови права и слободи, својот мониторинг во голема мерка го заснова на пријавите од граѓанките и граѓаните, граѓанските новинари и стотиците поддржувачи и членови на организацијата низ целата земја. ЦИВИЛ потсетува дека секоја информација во овој период е важна. Не постојат информации што се неважни. Затоа, независно во кој формат да пристигнат: фотографија, видео, постови на социјални мрежи и друг вид комуникации, лично сведоштво или случка, се добредојдени.

Граѓанските новинар(к)и ни ги даваат најдобрите, најбрзите и најрелевантните информации од теренот, бидејќи се наоѓаат на лице место. Тоа се луѓето кои можат да откријат говор на омраза, поткуп, корупција… За тоа е доволно да имаат телефон со себе и да снимаат, фотографираат или напишат порака на нашите онлајн алатки за пријава на нерегуларности или злопупотреба.

Ангела Петровска

Print Friendly, PDF & Email
Share43Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ