Повеќе од потребниот број гласови за одобрување на барањето за притвор за инцидентите за „крвавиот четврток“ на пратеникот Трајко Вељановски, вечерва се присутни во Собранието на Република Северна Македонија.
За дневниот ред гласаа 64 пратеници. Дел од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се присутни во пленарната сала, но не го изгласаа дневниот ред.
Прв за дискусија се пријави кординаторот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицовски кој обвини за сценарио.
„Очигледно одлуката за одземање на имунитетот е донесена на друго место“, рече Мицевски.
Во одбрана на поранешниот председател на Собранието, кординаторот на ВМРО-ДПМНЕ, додаде дека Вељановски бил редовен на суд и затоа нема основа за страв од бегство.
Но, пратеникот на мнозинството, Павле Богоевски, опозициските пратеници ги потсети дека и поранешниот премиер Никола Груевски редовно се пријавуваше на суд, но сепак избега од правдата и од државата.
Тој додаде дека Комисијата не е да ги оценува аргументите на судот, туку да му овозможи услови на судот да ја заврши својата работа.
Гласањето „за“ или „против“ одземање на имунитетот на Вељановски треба да заврши најдоцна пред полноќ.
Арбен Зеќири