• Latest

МНР на Косово бара од Србија да го потврди идентитетот на убиениот кој се сомничи за убиство на српскиот полицаец

July 21, 2024

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Москва и Пекинг: Турбулентна историја на сојузништва, ривалства и конфликти

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии и битка за секој глас – регистрирани 116 инциденти со насилство и закани

October 24, 2026
СЛОБОДА | 23 октомври 2026 (фото извор: ФБ профил на претседателот на Украина, Володимир Зеленски)

По години заробеништво, враќање дома: Украина пречека 270 ослободени, рускиот терор продолжува

October 23, 2026
Паметен град на иднината: Вештачката интелигенција во служба на граѓан(к)ите и урбаниот развој. (Илустрација: ChatGPT / OpenAI, за CIVIL MEDIA TECH & AI FORUM)

Градови што размислуваат: Како вештачката интелигенција може да ни донесе почист воздух, помалку метеж и подобар живот

October 23, 2026

Бугарија в недела избира претседател-ка: Во трка се 27 кандидатски двојки

October 23, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична предизборна атмосфера

October 23, 2026

Топ 10 најмоќни економии во светот во 2026 година (ИНФОГРАФИК)

October 23, 2026

Руските напади сè повеќе се прелеваат надвор од Украина: Молдавија како нов фронт на хибриден притисок

October 23, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

МНР на Косово бара од Србија да го потврди идентитетот на убиениот кој се сомничи за убиство на српскиот полицаец

July 21, 2024 13:00
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за надворешни работи и дијаспора на Косово соопшти дека Канцеларијата за врски на Косово во Србија, по информацијата за убиството на косовски државјанин во Србија, побарала од српските власти да го потврдат идентитетот на лицето убиено вчера во Лозница, пренесе МИА.

Српскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи, Ивица Дачиќ изјави дека Фатон Хајризи, осомничениот за убиството на српскиот полицаец и ранувањето на неговиот колега во Лозница, Србија, е убиен денеска по околу 40 часа потрага, откако, според него, пукал во српските полицајци и одбил да се предаде.

Според првите информации кои ги пренесоа српските медиуми, Хајризи се обидел да ја помине Дрина во околината на Лозница и да пребегне во Босна и Херцеговина, но не успеал, па се сокрил во делот на напуштен фабрички комплекс, каде мигрантите кои доаѓаат таму од Прешево во последните години се кријат, чекајќи „врска“ за да избегаат преку Дрина.

Откако Министерството за внатрешни работи на Србија порано објави фотографија од осомничениот, еден од мештаните од областа Лозница пријавил дека видел лице со таков опис. Припадниците на МВР на Србија пристигнале во голем број, го блокирале целиот простор, а потоа го ликвидирале Хајризи.

Ноќта од среда кон четврток во Лозница е убиен 34-годишниот полицаец Никола Крсмановиќ, а ранет е неговиот 50-годишен колега Вјекослав Илиќ. Нападот се случил при рутинска проверка на таксито во кое се наоѓал Фатон.

Околу еден час по полноќ, Крсмановиќ и Илиќ на контролниот пункт запреле такси, што им изгледало сомнително. Во возилото имало двајца мажи, возачот и сопатникот.

Полицајците сакале да ги идентификуваат мажите, па полицаецот го замолил Фатон да ја покаже својата чанта. Тој одбил, а потоа пукал во полицајците.

На лице место полицијата го пронашла пасошот на осомничениот, издаден од косовските власти на име Артан Хајризи и германска лична карта на исто име.

Меѓутоа, набргу било утврдено дека полицајците всушност биле застрелани од братот на Артан, Фатон, кој неодамна избегал од затвор во Косово, а за време на бегството го користел пасошот на неговиот брат издаден од косовските власти.

Хајризи беше во бегство од 6 јули, кога од слободниот викенд не се врати во затворот Смрековница. Тоа беше негово деветто бегство од затвор, со што стана рекордер во Косово. На социјалните мрежи тој објасни дека мотивот за неговото бегство било злоставувањето кое го претрпел во затвор.

– Го напуштив Косово затоа што бев прогонуван. Бев психички малтретиран, не можев повеќе. Нема да се вратам во затвор во оваа држава. Таму страдаат затворениците, не се дава кауција, не се третираат сите исто, изјави Хајризи.

Министерката за правда на Косово, Албулена Хаџиу во саботата повика на покренување локална и меѓународна истрага за, како што рече, поттикнување и организирање бегство на затвореници од косовските затвори на територијата на Србија, пренесоа косовски медиуми.

Според неа, државата Србија иницира и организира доаѓање на затвореници, притвореници и оние кои ги бара косовската правда, во замена за „заштитна средина од неказнивост и кривично гонење на криминалците од органите на Република Косово“.

Хаџиу рече дека не се знае со сигурност дали Хајризи е убиен и дали чинот се случил или не во Србија или во Република Српска во Босна и Херцеговина.

„Дефинитивно е потребна широка и длабока истрага за да се разјасни вистината на овој случај“, рече таа.

Хаџиу ја осуди и употребата на етничката припадност од страна на Владата на Србија во случајот со убиството на српскиот полицаец.

„Оваа реторика на Владата во Белград е предупредување за идните настани подготвени во Белград кои имаат јасна шовинистичка и етно-политичка перспектива“, посочи Хаџиу.

Таа, исто така, побара меѓународна и локална истрага за бегствата од затвор и дека повеќето од бегалците наоѓаат засолниште во Србија.

Фатон Хајризи на јавноста ѝ е познат од 2000 година, кога на само 15 години уби руски војник, припадник на КФОР. За тоа убиство е осуден на 27 години затвор.

Д. Т. 

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ