• Latest

Могерини: Ова е само првиот чекор од еден долг пат, потребно е поголемо единство и работа

April 19, 2018
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
Илустрација: Синергија меѓу новинарската работа и вештачката интелигенција – под човечка, професионална и уредничка контрола.

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026
Фотографија: НАТО

Самитот во Анкара: НАТО договори нови одбранбени инвестиции, Европа презема поголема безбедносна одговорност

July 8, 2026

ЗНМ: Нов Кодекс на новинарите – етичка рамка која одговара на дигиталната ера

July 8, 2026

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026

РЕАКЦИИ: Од семејството до институциите – каде граѓаните го лоцираат проблемот со врсничкото насилство

July 7, 2026
Илустрација ВИ

До 15 јули рок за договор: Политичките партии сѐ уште без консензус за гласањето на дијаспората

July 7, 2026
Фото: НАТО

Самит на НАТО во Анкара: Европа го засилува вооружувањето, Украина останува во фокусот

July 7, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Могерини: Ова е само првиот чекор од еден долг пат, потребно е поголемо единство и работа

April 19, 2018 11:10
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Чистата препорака на Европската комисија е резултат на напорите на Владата, но и на соработката на опозицијата, истакна високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могеринии денеска во обраќањето пред пратениците во македонското Собрание, која изрази задоволство што опозицијата се врати во законодавното тело.

– Вие ја споделувате обврската за иднината на своите граѓани. Владата има одговорност да и отвори простор на опозицијата за целокупна вклученост, а опозицијата има одговорност да се вклучи во целата оваа работа. Имате одговорност да ги идентификувате националните интереси и приоритети на вашата земја, имате колективна одговорност да соработувате во институциите за да постигнете резултати во националните приоритети, им порача Могерини на македонските пратеници.

Додаде дека Македонија се вратила на патот кон Европската унија и тоа е местото на кое земјата треба да се наоѓа.

– Кога ќе се сетам што се случуваше тука, во Собранието, пред една година и што се случува сега, можам да кажам дека поминавте долг пат. Добрите вести се дека се вративте на назад на патот, ја надминавте најлошата политичка и институционална криза, со која некогаш сте се соочиле. Ова е големо достигнување за сите во земјата и таа е, пред се, достигнување кое се постигна благодарение на Владата, Парламентот, различните политички партии, локалните власти, како и на одлучноста на секој граѓанин на оваа земја, рече Могерини.

Таа нагласи дека ова е само првиот чекор од еден долг пат каде ќе бидат потребни повеќе единство, повеќе заложби и повеќе работа, но и ќе биде препознаена и ќе претставува основа за напредок.

– Она што го завршивте во изминатата година беше навистино импресивно, што успеавте да го остварите заедно, особено за реформите. И очекувањата се високи дека овој начин на обедување на силите за некои национални приоритети може да продолжи и натаму во иднина. Ова е најсилниот знак на зрелост во еден демократски систем, рече Могерини.

Ги пофали досегашните реформи, усвојувањето на законите во важните области, но повтори оти сега е потребно земјата да се фокусира на нивната имплементација. Работата што не очекува Могерини метафорично ја спореди со видео-игра каде се поминуваат нивоа со нови задачи, а целта и вистинската награда во оваа игра која е, вели, се освен игра е подобрување на животот на граѓаните.

– Ова е суштината. Знам дека процесот на интеграција во ЕУ е исполнет со мниогу процедури, постапки и услови што треба да се исполнат, но на крај се сведува на трансформација на општетството и на стандардите кои вашите граѓани сакаат да ги видат како се исполнуваат во нивното секојдневно живеење. Се работи за европски стандарди, добар развој на економијата, трговијата, начинот на кој работат институциите, владење на правото, квалитетот на животот… Од безбедниост до можности за младите. Ова е она што е важно за сите граѓани, рече високата претставничка на ЕУ.

Следното ниво од видео-играта, додаде таа, е одржување и продолжување на реформите што одлично се одвиваат, но процесот треба да продолжи не само преку носење на законите туку, вели, и со нивно исполнување. Изразувајќи убедување дека ваквата работа ќе продолжи да носи резулати, таа укажа и на претстојните чекори посочувајќи на Советот на ЕУ во јуни каде ќе се носат одлуки.

Оцени дека е направен историски чекор напред со договорот со Бугарија со кој е разрешено едно билатерално прашање и изрази уверување дека и преговорите со Грција ќе доведат до решение за спорот за името, кое ќе ги задоволи двете страни и ќе биде основа за идната обединетост на европскиот континент. 

– Секогаш избегнувам да зборувам за проширување, сакам да зборувам за реобединување. Имаме потенцијал да бидеме брзи во постапките, да бидеме успешни. Знам дека и вие верувате во тоа да се движиме брзо кон членството во ЕУ. Инвестирајте во вашето единство, во вашите демократски институции во талентот на граѓаните особено во младите луѓе и нивните аспирации и желби да се приклучат кон ЕУ Тоа е придобивка за вас но и за нас. Истото ќе биде препознаено од Брисел и од ЕУ.  Време е да почнеме да трчаме заедно, да трчате еден со друг со вашите соседи и уверена сум дека така ќе стигнете далеку, порача високата претставничка на ЕУ за надворешни прашања и безбедносна политика Могерини.


Извор: МИА

Tags: обраќањеФедерика Могерини
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ