• Latest

Моја Европа: Неопходно е спротиставување на корумпираните балкански елити

July 27, 2020

Гаши најави нов Изборен законик кој би се донел на консезуален начин

November 4, 2025

Судот во Бања Лука бара појаснување од ЦИК за статусот на Додик во неговата партија СНСД

November 4, 2025
Скриншот од Фејсбук видео на  Централната команда на САД

(ВИДЕО) Централна команда на САД: Оперативци на Хамас ограбуваат камион со помош – дел од хуманитарен конвој за Газа

November 4, 2025

Европската комисија во својот извештај посочи дека Северна Македонија изминатава година не презела „решителни чекори“ за напредок во преговорите за членство и се уште не ги усвоила уставните измени

November 4, 2025
Фотографија на која се тврди дека е прикажан руски објект кој гори преку ноќ на 4 ноември 2025 година по украинскиот напад со дронови,Фото:Exile Nova/Telegram

Експлозии во руски магацин за муниција, рафинерии и петрохемиски погон по напади со дронови; изгоре руски воен брод во Севастопол

November 4, 2025
Скриншот од видео на ABC News (Australia)

Скандал го тресе Израел: Главната адвокатка на војската уапсена поради протекување на видео за малтретирање на палестински притвореник

November 4, 2025
Скриншот од видео на Воздушните напаѓачки сили на Украина/Фејсбук

Руските сили убиваат невооружени цивили кои одат со бело знаме во регионот Харкив

November 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на
CRUX

Резолуцијата на ОН за меѓународни стабилизациски сили за Газа би можела да биде готова за две недели, во меѓувреме, насилството во Газа продолжува

November 4, 2025
Ф-16. Фото: Скриншот

Романски и германски авиони реагираа на руски напади близу границата со Украина

November 4, 2025

Европа зборува, Северна Македонија стои

November 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Моја Европа: Неопходно е спротиставување на корумпираните балкански елити

Носителите на одлуки во Брисел и нивната бирократија, со оглед на другите приоритети, речиси не се грижат за тоа. Всушност, нема голема логика да се опоменува Балкан на придржување на „основните правила" на реформи, кога државите од ЕУ, исто и Германија, ги игнорираат правилата доколку се допре до нивните „сопствени интереси".

July 27, 2020 10:59
in ПОЛИТИКА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

ГУДРУН ШТАЈНАКЕР 

Црна Гора и Србија се во пристапни преговори со ЕУ, а во март беше донесена одлука за нивно отпочнување и со Северна Македонија и Албанија. Босна и Херцеговина има поднесено барање за членство, а Србија блокира секаков напредок на Косово. Ова е едната страна на процесот на проширување. Но, каква е ситуацијата во пракса со толку многу рекламираните вредности: демократијата, правната држава и одржливиот развој?

Постои „напредок” од 1989. година но тој беше успорен поради војните при распадот на Југославија. Со исклучок на Косово, за „шестката од Западен Балкан” важи слобода на патување, која многумина ја користат за отселување на Запад. Во синџирите супермаркети, кои се претежно во германски раце, на продажба има главно увезени стоки, домашните производи се најчесто реткост.

Коруптивните крупни градежни проекти и изградбата на мали хидроцентрали, сечата на шумите, кражбата на земјиште и неконтролиран развој на туризмот на прекрасната природа ѝ нанесуваат големи штети. Образовниот и здравствениот систем се на ужасно ниско ниво, невработеноста е висока. Без дознаки од иселениците од странство и значителен неформален сектор, многумина не би можеле да преживеат. Време е да се признае дека неолибералната трансформација на Балкан доживеа неуспех.

Нарушена „блескавата“ изборна победа на Вучиќ

Ниската излезност на изборите во Србија, Хрватска и Северна Македонија е одраз на длабоко недоверба во демократијата. Демонстрациите во Белград го потемнеа „сјајот” на изборната победа на владејачката партија на претседателот Александар Вучиќ.

Северна Македонија, по валканата изборна кампања, се наоѓа пред речиси неможно формирање влада. Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева во која се полагаа огромни надежи, е осудена поради корупција. Бившиот шеф на тајната служба и братучед на екс-премиерот Никола Груевски, Сашо Мијалков, некогашен „капо ди капи” кој сееше страв и трепет, истовремено и еден од најбогатите претприемачи, гордо парадира низ Скопје. Никола Груевски ужива во своето богатство во егзил во Будимпешта.

Босна е држава со која е неможно да се владее, во која елитите со клептократи како Милорад Додик и Бекир Изетбеговиќ на чело, меѓусебно си ги делат ресурсите. Албанија и Косово се наоѓаат во постојан кризен модус. Избраниот косовски премиер Албин Курти беше соборен со помош на интриги од САД, косовскиот претседател Хашим Тачи е соочен со обвинение во Ден Хаг поради воени злосторства, што албанскиот премиер Еди Рама го квалификува за напад против сите Албанци.

Малата Црна Гора, во која во септември ќе бидат одржани избори, е поларизирана поради апсурден спор околу законот за религии меѓу ултрареакционерната Српска православна црква и кликата на долгогодишниот владетел и претседател Мило Ѓукановиќ.

Кој се чуди што исчезнуваат милијарди?

Кого го чуди што исќезнуваат милијардите од ЕУ, Европската централна банка, Светската банка, ММФ и другите организации?

Од 1989. година се етаблираа хибридни демократии, клептократии или мафијашки држави. Економистот од српско потекло, Бранко Милановиќ, во својот блог пишува за „повеќепартиски клептократии”; политикологот Јасмин Милановиќ во својата книга „Глад и бес” го употребува терминот „еластичен авторитаризам”; претседателот на Транспаренси Интернешнл за БиХ, Срѓан Благовчанин во својата актуелна студија зборува за „владеење на картели”. Според мислењето на Ведран Џихиќ од Австрискиот институт за меѓународна политика, изборите во Србија беа „привидна демократија и илузионистичка уметност.”

За жал, ни во некои држави од ЕУ не изгледа многу подобро. Само што тие имале среќа правовремено да станат членки на клубот, како што докажуваат примерите од Романија и Бугарија, Малта, Кипар, Унгарија и Полска. Унгарскиот социолог Балинт Маѓар уште во 2016 година ја означуваше Унгарија како „посткомунистичка мафијашка држава”. Неговите критериуми се применливи и на шесте држави од Западен Балкан.

Носителите на одлуки во Брисел и нивната бирократија, со оглед на другите приоритети, речиси не се грижат за тоа. Всушност, нема голема логика да се опоменува Балкан на придржување на „основните правила” на реформи, кога државите од ЕУ, исто и Германија, ги игнорираат правилата доколку се допре до нивните „сопствени интереси”. Европските партиски сојузи, посебно Европската народна партија и Партијата на европските социјалисти, играат сомнителна и опасна улога во аранжамните со клептократиите на Балкан. Етикетирањето на балканските партии како конзервативни, христијански, либерални, социјалдемократски или социјалистички е едноставно погрешно.

„Вртење милиони”

Т.н. Берлински процес, започнат во 2014 година со голем елан и добри намери, не вроди со ништо, испадна според поговорката: „се тресеше гората, се роди глушец”. Организацијата за младинска размена РИКО (Regional Youth Cooperation Office), речиси единствениот конкретен резултат од Процесот, со ова не треба да биде обезвреднета. Својата егзистенција таа им ја должи на ангажирани претставници на цивилното општество.

Планираните инфраструктурни проекти постојат само на хартија. Кина пак гради автопатишта, железнички линии и мостови, понекогаш дури и со средства за поддршка од ЕУ, и ги намамува државите во должничка замка. Одржливоста на овие проекти е друга приказна. Но, тие се најдобро погодни за „вртење ” на повеќемилионски суми.

Еколошки, односно развој кој ќе биде усогласен со промената на климата и загрозениот биодиверзитет се чини не им е од интерес ни на балканските елити, ниту на нивните европски партнери. Голема е опасноста притисокот за брзо „економско закрепнување” по короната да доведе до тоа напорите за еколошки пресврт во корист на луѓето и природата да останат само празни зборови.

Потребно е да се собере храброст

Крајно време е за темелно преиспитување на политиката на ЕУ кон Балкан. Нова „методолгија” нема да даде резултати. Неопходно е спротиставување кон корумпираните елити во политиката и економијата. Тие мора да бидат повикани и на лична одговорност. Тоа е можн единствено во соработка со навистина слабото, но разнолико и живо цивилно општество. Сѐ додека на младината ѝ останува само изборот меѓу прилагодување и отселување, нема да може да се запре егзодусот на добро образованите.

Конечно, во Брисел исто како и во Берлин и Париз, потребна е да се собере храброст со елитите на Балкан да се разговара без влакна на јазикот. Тоа меѓутоа значи да се именуваат и да се отстранат и сопствените дефицити. Зашто, „да продолжиме како и досега”, би било фатално.

Гудрун Штајнакер меѓу 1976. и 2016. поминала 13 години на Западен Балкан, на крајот како германска амбасадорка во Северна Македонија и Црна Гора / Дојче Веле 

Share39Tweet24Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    176 shares
    Share 70 Tweet 44
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ