• Latest

Моментот на избор за Германија

March 10, 2022
Скриншот од видео на
ABC News (Australia)

Јужноафриканец чека депортација откако му беше одземена австралиската виза поради учество на антисемитски неонацистички митинг

November 18, 2025

Пратениците на СДСМ, придружени од Левица поднесоа иницијатива за основање Анкетна комисија за трагедијата во Кочани

November 18, 2025
Газа. Фото: Х

Палестинската управа го поддржа планот на ОН за Газа

November 18, 2025

Cloudflare „падна“ – Time.mk и бројни сајтови недостапни поради технички проблеми

November 18, 2025
Полскиот премиер Доналд Туск разговара со полициски и воени претставници во рамките на истрагата за сомнителна саботажна операција против полска железница на 17 ноември 2025 година. Фото: Полски премиер Доналд Туск/X

Полскиот министер за одбрана: Сите докази за саботажата на железничката линија во Полска укажуваат на Русија

November 18, 2025
Фото: украинската амбасадорка Лариса Дир/ Х

Амбасадорката Дир: Руски ракети го погодија регионот Харкив, при што загина 17-годишно девојче – меѓународната поддршка е клучна, Русија нема да запре без цврст глобален притисок

November 18, 2025
Марта Кос(Фотографија: Википедиа)

Кос: Време е за проширување на проширувањето – Европа нема време за губење

November 18, 2025

Албанија ја претрча Македонија на патот кон ЕУ, Мицкоски упорно инсистира дека не е така – Брисел упорно го демантира

November 18, 2025
Фото: Х профил на Марта Кос

Утрински вести со – Рама!

November 18, 2025

Утре почнува судскиот процес за трагедијата во „Пулс“

November 18, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Моментот на избор за Германија

March 10, 2022 09:41
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ДМИТРО КУЛЕБА 

Завчера во опколениот Мариупол почина 6-годишната Тања… од дехидрација! Дете. Која не ни видела живот. Таа едноставно немала што да пие, бидејќи руските напаѓачи го држеле градот без храна, вода, греење и струја повеќе од девет дена, а не ги пуштија хуманитарните камиони од Украина. Детето почина. Детето не беше митски „неонацист“ или војник на НАТО од руските ТВ емисии. Зошто згасна младиот украински живот, како и уште најмалку 38 детски животи прекинати заради Русите? Какво ѓаволско зло се појави на нашата планета што е способно да изврши такви ѕверства?

Војната од големи размери на Русија против Украина трае речиси две недели. Руските трупи продолжуваат да вршат варварски воени злосторства и злосторства против човештвото во размери кои Европа не ги видела од Втората светска војна. Тие бомбардираат станбени области во градовите со воздушни бомби од 500 килограми, лансираат крстосувачки ракети врз цивилната критична инфраструктура и спречуваат евакуација на луѓето од опколените градови. Украинците со денови не можат да излезат од подрумите поради гранатирање и закана од убиство. Пресретнавме многу повици на руски војници од Украина. Тие им се јавуваат на своите сопруги, им кажуваат како се пука во цивили и ветуваат дека ќе донесат дома сосема нов телевизор во дневната соба и блендер во кујната, украдени од украинските продавници.

Сето ова е само стоти дел од тагата, солзите и крвта низ кои Украина минува речиси две недели како еден долг и страшен сон. И сето тоа се случува поради бесмислената, неиспровоцираната агресија на Руската Федерација, заснована на слепата омраза на Путин кон Украинците и на ништо повеќе.

Претпоставувам страшно ви е кога го читате ова. Но, за сето ова ве предупредивме претходно. Побаравме оружје, а како одговор слушнавме приказни за „историска одговорност“, која поради некоја причина се однесуваше на Русите, но не и на Украинците. Побаравме да не се гради Северен тек 2. Но, вие рековте дека тоа е чисто „комерцијален“ проект. Предупредивме дека Путин е зло од такви размери какви светот не видел осумдесет години. Побаравме да не се повторуваат грешките од минатото и да го запреме пред катастрофата. Вие не ни верувавте и инсистиравте на важноста на дијалогот со Путин. Он може да не лаже нас, Украинците, но не и вас, Германците – си помисливте вие.

А потоа вие сами ги признавте грешките. Сега веќе ни давате оружје, го уништивте рускиот гасовод и ги поддржавте првите сериозни санкции. Па, зошто ова не можеше да се направи веднаш штом од вас беше побарано да го направите тоа? Дали навистина требаше да дочекаме кога украинските деца ќе умрат од дехидрација и страшни воздушни бомби?

Каква е таа германска политика? Која е нејзината суштина, логика, реализам, прагматизам? Зарем цената за тоа нечии очи да се отворат во Германија е засекогаш да се затворат нечии во Украина?

Ве замолувам. Отворете ги очите. Несомнено, Хитлер бил уникатно зло. Но, такви размери на омраза, уништување и тага што Путин веќе ни ги нанесува, Украина и Европа не виделе од 1940-тите години. Вие како никој друг треба да знаете дека во ваква ситуација секој час доцнење и сомнеж вреди животи и уште поголема катастрофа.

На Украина и треба помош. Дајте ни повеќе оружје за да можеме да се браниме. Помогнете ни да го заштитиме нашето небо, помогнете ни да обезбедиме борбени авиони, да обезбедиме посериозно противтенковско, противвоздушно и противракетно оружје. Воведете уште построги санкции против Русија, вклучително и откажување од руските енергетски носители, исклучување на Сбербанк од SWIFT, замрзнување на кореспондентски сметки на руски банки и компании, забрана за влез на руски бродови во европските пристаништа.

На Украина и е потребен постојан јавен притисок врз Русија од страна на нашите партнери, вклучително со барање да се стави крај на воените злосторства и да се дозволат хуманитарни коридори за спасување на цивилите. Денес, на Европа и требаат големи, историски одлуки. Овие одлуки ќе бидат во интерес и на Украина и на Европа, на која не и треба војна, но за чија безбедност и просперитет е потребна европска Украина.

Благодарни сме за веќе донесените одлуки во текот на овие две недели. Гледаме дека Германија го промени својот пристап. Германија презеде голем број тешки чекори, иако трагично задоцнети. Но, Путин не запира. Невините украински мажи, жени и деца продолжуваат да умираат. Мора да има повеќе одлуки. Но, главно е дека тие мора да бидат проактивни, мора да бидат итни. Конечно, слушнете ја Украина и дејствувајте додека не сме починале и Путин не тргнал понатаму! Мора да го запреме овој варварин сега додека не ја уништил цела Европа.

Јас, министерот за надворешни работи на земја која се бори за своето право да постои, веќе не можам мирно да слушам дека на Германија и треба повеќе време за да донесе одлуки за предавање на оружје, скептично гледа на пристапувањето на Украина во Европската унија, воздржано се однесува кон создавање на нови моќни, а не номинални санкции против Русија.

Можеби ќе ви се чини дека веќе сте направиле подвиг со донесување на голем број важни одлуки. Но, додека луѓето умираат во европска Украина, вие направивте премалку. Тоа време дојде: или Германија ќе стане лидер во помагањето на Украина и потиснувањето на руското зло, или Германија ќе има уште една историска одговорност за изгубените животи и уништените градови.

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ