• Latest

МОН: Бројките демантираат уште една лага на ВМРО-ДПМНЕ, над 15 000 ученици се пријавија за полагање државна матурa

January 26, 2021

24 ЧАСА: Оган ја гори Македонија; 6.600 граѓани тргнаа пешки до Сребреница; Нетанјаху го номинираше Трамп за Нобелова награда за мир

July 8, 2025
Фото: ВИ

На збор ЕУ, на дело изолација – Мицкоски ја води Македонија по сопствените црвени линии

July 8, 2025

ЦВАЈ ТАГ, ДРАЈ ПАРАД ПРЕД НАШИТЕ ОЧИ: Огин го гори Чучер-Сандево

July 8, 2025
Фото: ЦУК/ Фејсбук

ЦУК: Во земјава беснеат 9 активни пожари, еден локализиран 

July 8, 2025
Исечок од видео на Радио слободна Европа / Деца од воено силување

Тој повеќе не е невидлив: Приказната за дете родено по силување во војната во Босна

July 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на wocomoMOTORS

Ротердам, најголемото европско пристаниште се подготвува за потенцијална војна со Русија

July 8, 2025
Фото: МИА архива

Советот на ЕУ го одобри пристапувањето на Бугарија во Еврозоната

July 8, 2025
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

Над 6.600 учесници тргнаа кон Поточари во Маршот на мирот по повод 30 години од геноцидот во Сребреница

July 8, 2025
Фото: Оксана Маркарова / Х

Амбасадорката на Украина во САД ќе биде разрешена, потврди извор од Кабинетот на Зеленски

July 8, 2025
Фото: Креирано со ппомошна ВИ

Има ли крај сагата со „раскинувањето“ помеѓу Трамп и Маск

July 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

МОН: Бројките демантираат уште една лага на ВМРО-ДПМНЕ, над 15 000 ученици се пријавија за полагање државна матурa

January 26, 2021 15:31
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Во Северна Македонија има 16 500 матуранти кои завршуваат четиригодишно средно училиште. Од нив, дури 15 000 или рекордни над 93 отсто, се пријавиле да полагаат државна матура, што значи огромен интерес кај мантурантите, соопшти денеска Министерството за образование и наука (МОН).

Според Министерството, средношколците се едногласни дека овој завршен испит им е неопходен.

– Ова е уште една ситуација во која бројките ги демантираат лагите на опозицијата, кои и оваа прилика со учениците ја користат да ја исполитизираат, иако законски е забрането политичко дејствување во училиштата. Партијата на Христијан Мицкоски ги користи малкутемина, незначителен број матуранти, кои наводно бојкотираат настава незадоволни од матурата, да ги критикува реформите во образованието и да и преставува на јавноста лажна слика дека учениците не сакаат да полагаат, велат од МОН.

Токму затоа, Министерството за образование апелира до матурантите и средношколците да продолжат со наставата по веќе воспоставениот комбиниран модел затоа што тоа е во најдобар интерес на сите ученици и во интерес на заштитата на јавното здравје и дека полагањето државна матура е законска обврска.

Од МОН појаснуваат дека имаат законска обврска да ја организираат матурата за учениците што планираат да го продолжат образованието, а е услов за запишување на факултетите во државата и во странство.

Испитите, како што дополнуваат, ќе се одржат според концепцијата утврдена уште на почетокот на оваа учебна година. Mатурата, која е право на избор, на учениците кои избраа да полагаат и ги пријавија испитите ќе им биде овозможено да ја полагаат.

– Уште во текот на првото полугодие, целосно почитувајќи го демократското право на изразување на учениците, од страна на МОН беа прифатени сите забелешки за олеснување во делот на испитните матурски програми по сите предмети, стои во соопштението на МОН.

Од таму дополнуваат дека Државниот испитен центар, МОН и средношколците заедно ќе работат на целосно нова концепција за полагање државна матура која ќе се применува од идната учебна година, за што во тек е формирање на работна група во која ќе бидат вклучени и средношколците.

– Огромниот интерес кај матурантите покажува дека тие го сфатиле концептот со завршниот испит и дека се свесни оти понатамошниот образовен процес може да го продолжат само ако имаат положено матура. Оваа година матурата ќе се полага согласно утврдениот концепт, во чие дефинирање учевствувале и самите средношколци, соопштија од Министерството.

За следната година, како што посочуваат, се најавува целосно нова концепција на државната матура, според современи стандарди.

– Уште во текот на првото полугодие, целосно почитувајќи го демократското право на изразување на учениците, од страна на МОН беа прифатени сите забелешки за олеснување во делот на испитните матурски програми по сите предмети. Државниот испитен центар, МОН и средношколците заедно ќе работат на целосно нова концепција за полагање државна матура која ќе се применува од идната учебна година, за што во тек е формирање на работна група во која ќе бидат вклучени и средношколците, стои во соопштението од МОН.

Според Министерството, со масовното пријавување за државна матура, средношколците испратиле зрела порака до политичките партии да останат надвор од школските клупи и да не предизвикуваат тензии и поделби помеѓу учениците.

– Особено пораката е испратена до опозициската ВМРО ДПМНЕ, која повторно користи ситуација во општеството да ја заврти во своја полза и да профитира. Тие лажно преставуваат дека образовниот систем не функционира и со дезинформациите за состојбата манипулира со одреден број матуранти, особено со оние кои неуспешно се обидуваат да организираат неоснован и непотребен бојкот на наставата, појаснуваат од Министерството за образование.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ВИ

    24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Канта за смет

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • (ВИДЕО) Диме Велев за ЦИВИЛ: Нема да дозволиме петмина во Комисијата за дијабетис да изиграваат Господ и да одлучуваат каква терапија треба да примаат 40.000 пациенти

    91 shares
    Share 36 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ