• Latest

МОН и БРО: Современи наставни програми во новата учебна година за првачињата, изработката е во завршна фаза

April 7, 2021

Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

October 28, 2025
Мобилни единици за дронови пукаат врз руски дронови што се движат кон Кијив на 3 јули 2025 година. Фото: Олекандр Рихлички/Генерал штаб на Украина/Телеграм

Извештај на ОН ја обвинува Русија дека користи дронови за лов на цивили во близина на фронтот и ги принудува да ги напуштат своите домови

October 28, 2025
Фотографија: Скриншот од седница на ДИК

ДИК ги објави конечните резултати за вкупно 44 општини, во 33 општини ќе има втор круг на гласање, во три избирачки места за советници во Шуто Оризари ќе се повтори гласањето

October 28, 2025
Hamas releases Israeli hostages
source> CBS video

Спорот околу трансферот на заробеници од Хамас се претвора во „политички театар“

October 28, 2025
Скриншот од видео на Meanwhile in Ukraine. Facebook

(ВИДЕО) Италијански сенатор го нарече Џефри Сакс лажго и пропагандист на Путин

October 28, 2025
Фото: Wikimedia commons

ЕУ ги осуди израелските напади врз мировници на ОН во Либан

October 28, 2025

Арсовска шири лажни вести: Директорот на „Комунална хигиена“ сè уште е во притвор и не потпишувал „во срце и душа сум ВЛЕН“

October 28, 2025
ВЛЕН
Фото: Фб страница на Зеќирија Ибрахими

ВЛЕН со едногласна поддршка на Касами за втор мандат во Тетово

October 28, 2025
Фотонтажа: Користени фортографии од Лукоил Македонија/Фејсбук

Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

October 28, 2025

Косово се соочува со ризик од буџетска парализа, предупредуваат финансиски експерти

October 28, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

МОН и БРО: Современи наставни програми во новата учебна година за првачињата, изработката е во завршна фаза

April 7, 2021 17:08
in ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ
Share on FacebookShare on Twitter

Учениците од прво одделение новата учебна година ќе ја започнат со целосно нови, современи наставни програми чија изработка согласно динамиката во планот за целосно реформирање на националниот образовен систем кој започна со усвојувањето на новата Концепција за основно образование, е веќе во завршна фаза, соопштија од Министерството за образование и наука.

Од МОН посочија дека резултатите од досегашната работа на работната група составена од неколку тимови и нацрт верзијата на наставните програми денеска биле презентирани пред министерката за образование и наука Мила Царовска.

– Членовите на тимовите изразија задоволство што за прв пат преку еден ваков процес се прави меѓусебно поврзување на наставните програми и што преку координација на различните тимови се доаѓа до исклучително квалитетни крајни решенија. Наставните програми се очекува да бидат усвоени и јавно објавени во петок, по што ќе се пристапи кон обуки за наставниците за начинот на имплементација, додадоа од МОН.

Од Министерството посочија дека на почетокот на минатиот месец, Бирото за развој на образованието преку јавен повик ги одбрало соработниците – наставници од училишта и од високообразовни установи и тоа во поголем број за разлика од праксата во минатото, а кои заедно со советниците од оваа институција го започнале креирањето на новите наставни програми.

– Притоа, во текот на целиот процес на изработка на програмите, се консултираат експерти од области на коишто се темели новата Концепција, како родовата еднаквост, инклузивноста и мултикултурализмот, а внимание се посветува и на изнаоѓање соодветни начини за презентирање на важноста и пристапот на учениците кон одредени прашања како заштита на животната средина, почитување на правата, развивање на одговорност и слично, наведоа од МОН.

Од Министерството истакнаа дека новите наставни програми треба да обезбедат поголема видливост на интеграцијата, односно да овозможат реализација на сродни теми од различни наставни предмети во текот на исто одделение, со цел да се синтетизираат различни перспективи за предметот секаде каде што е можно, преку одредени можни содржини и активности за нивна реализација.

– Така на пример, доколку една од темите во прво одделение е „Кој сум јас?“, по предметот Општество ученикот ќе учи за своите особини и умеења и за тоа што може, а што не може да прави, преку предметот Природни науки овие знаења ќе ги поврзува со изучување на надворешните делови на своето тело и грижата за сопственото здравје, додека на часовите по Физичко и здравствено образование ќе истражува и вежба како може да се движи и да прави едноставни вежби, посочија од МОН.

Од Министерството истакнаа дека суштински значајно за новите наставни програми е што за прв пат, се изработуваат врз основа на Национални стандарди базирани на компетенции и се фокусираат на резултати од учењето.

– Ова подразбира дека во истите е прецизно дефинирано какви компетенции, односно знаења, вештини и ставови се очекува да стекнат учениците за време на основното образование, при што, наставникот сега добива целосна автономија при креирањето на активности и изборот на наставни материјали со кои ќе ја прилагодува наставата кон одделни ученици или групи на ученици со цел постигнување на тоа што е поставено со резултатите од учењето. посочија од МОН.

Додадоа дека тука спаѓаат компетенциите кои произлегуваат од подрачјето со кое наставниот предмет има директна врска, како и трансверзалните компетенции кои треба да бидат вклучени во повеќето наставни програми (на пример Дигитална писменост и Техника, технологија и претприемништво) или во сите наставни програми (на пример Личен и социјален развој), со што се овозможува холистички пристап во наставата и целосен развој на ученикот.

– Потсетуваме дека Националните стандарди базирани на компетенции врз кои се изработуваат новите наставни програми се усвоени во текот на месец февруари. Со истите се опфатени клучните компетенции за доживотно учење содржани во препораките на Советот на Европската Унија и препораките кои произлегуваат од меѓународни студии со цел да го подобрат квалитетот на образованието во земјите членки, наведоа од МОН.

Од Министерството наведоа дека од резултатите од учењето пак, се изведени стандардите за оценување кои укажуваат на најмалку четири нивоа на когнитивни постигања на учениците, согласно Блумовата таксономија (познавање, сфаќање, примена и анализа/евалуација/креирање). Стандардите за оценување придонесуваат кон објективност и транспарентност во оценувањето на тој начин што им помагаат на наставниците во определувањето и оформувањето на критериуми за оценување.

Веднаш по усвојувањето на новите наставни програми, додадоа од МОН, ќе следат обуки за наставниците, кои ќе се реализираат преку три модули во текот на мај, јуни и август.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    132 shares
    Share 53 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ