• Latest

МОН ќе додели над 5 милиони евра за иновативни научно-истражувачки проекти

April 25, 2025

ИЗБОРНА ХРОНИКА: На пет дена до втор круг од локалните избори – ветувања за исчистено Скопје во рок од 72 часа, финансиска поддршка од 7000 денари за пензионерите, разрешени избирачки одбори во Шуто Оризари

October 27, 2025

Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

October 27, 2025

Зебрњак: Историјата како алатка за влијание и тензии во Северна Македонија

October 27, 2025

ДИК утре ќе ги објави конечните резултати од првиот круг на локалните избори – разрешени избирачки одбори во Шуто Оризари

October 27, 2025
Фото: МВР

Приведени двајца полицајци за грабежот на златарницата во Гостивар

October 27, 2025
Креирано со помош на ВИ

Новата нуклеарна ракета на Путин – демонстрација на сила или страв од пораз?

October 27, 2025

ЕУ ја потпиша Конвенцијата на ОН за борба против сајбер криминалот

October 27, 2025
фото: Џ.Д. / ЦИВИЛ

Приведени две лица од раководството на „Комунална хигиена“ – меѓу нив и директорот Сабахудин Рустеми

October 27, 2025

ЕК распиша конкурс за проекти за прекугранични новинарски партнерства и медиумски плурализам

October 27, 2025
Поранешниот секретар на НАТО, Лорд Џорџ Робертсон. Фото: Скриншот од видео на
UK in Austria

Поранешниот шеф на НАТО: Српската православна црква е главен дистрибутер на руските политички интереси на Балканот

October 27, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

МОН ќе додели над 5 милиони евра за иновативни научно-истражувачки проекти

April 25, 2025 14:13
in ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за образование и наука ќе им распредели 344 милиони денари на државните универзитети и факултети, јавни научни установи и на МАНУ за да ја унапредат научно-истражувачката инфраструктура и за да реализираат иновативни научно-истражувачки проекти. МОН објави два јавни конкурса на кои треба да се аплицира електронски преку порталот e-uslugi.mon.gov.mk, во рок од 45 дена.

На прес-конференција денеска министерката за образование и наука  Весна Јаневска соопшти дека дел од средствата се обезбедени во рамки на годинашниот буџет за наука кој е речиси двојно поголем од ланскиот и изнесува 680 милиони денари, додека еден дел од парите за проектите ќе се исплатат во текот на следната календарска година, кога и треба целосно да завршат проектите што ќе бидат прифатени.

-Едниот конкурс е наменет за финансирање на 40 научно-истражувачки проекти на државните универзитети, факултети, научни институти и Македонската академија на науките и уметностите. Од нив, 15 ќе бидат од подрачјето на природно-математички науки, инженерство и технологија, медицински и здравствени науки, земјоделски и ветеринарни науки, 15 проекти – од подрачјето на општествени и хуманистички науки и 10 проекти во области од Стратегијата за паметна специјализација во насока на дигитална и зелена транзиција, односно паметно земјоделство и храна со повисока додадена вредност, информациски и комуникациски технологии, електро-машинска индустрија, и одржливи материјали и паметни згради, информираше Јаневска.

Министерката посочи дека секој прифатен проект ќе добие буџет најмногу до 8 милиони денари, преку исплата со однапред утврдена динамика која ќе се заокружи најдоцна до 31 октомври 2026 година, до кога и треба да заврши имплементацијата на проектот. Појасни дека еден апликант може да конкурира со повеќе проекти, но може да му бидат прифатени најмногу четири. Притоа, секој проект не смее да биде идентичен со некој што е веќе реализиран или тековно се спроведува.

-Вториот конкурс е наменет за распределба на средства на осумте самостојни јавни научни установи, кои вршат дејност од висок стратешки и национален интерес за државата. И тука ќе се финансираат научно-истражувачки проекти со времетраење до најмногу две години, за што ќе се доделува поединечен буџет до најмногу 3 милиони денари, односно по 1,5 милион денари во 2025 и во 2026 година, рече Јаневска.

Резултатите од двата конкурса ќе бидат објавени на веб-страницата на МОН, откако претходно врз основа на јасно дефинирани критериуми, ќе се направи рангирање на поднесените предлог-проекти од страна на посебни комисии формирани за спроведување на конкурсите.

Како што рече Јаневска, предност ќе добијат проектите во кои главниот истражувач има објавено најмалку два труда во списанија со импакт-фактор во последните три години, како и главен истражувач кој има објавено најмалку два труда во списанија евидентирани во меѓународни бази или списанија со меѓународен уредувачки одбор.

Јаневска ги повика научниците и научно -истражувачки работници вработени во јавните високообразовни и научни установи и во МАНУ да се заложат за изработка на иновативни проекти и да ја искористат можноста за финансирање на нивна дополнителна активност во научната област во која работат.

-Науката добива зголемена поддршка од Владата. Финансираме за да ги поддржиме научниците во личниот развој, но и заеднички да придонесеме во развојот на државата, во која образованието и науката треба да бидат основни двигатели, рече министерката.

Најави дека наскоро ќе биде објавен и трет повик, исто така за проекти поврзани со имплементација на Стратегијата за паметна специјализација на државата.

Фото: скриншот МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Експлозии во романските и унгарските рафинерии за нафта поврзани со Русија

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ