Министерството за образование и наука со поддршка на Швајцарската амбасада и градот Скопје денеска ќе организира консултативна средба со раководствата на скопските средни стручни училишта и со претставници на бизнис-заедницата.
На средбата, која ќе се одржи во Музејот на современа уметност, се поканети и претставници на меѓународните организации и институции.
Како што соопшти Министерството, оваа средба е во рамки на процесот за унапредување на средното стручно образование и идентификување на потребите од отворање образовни профили во средните стручни училишта, a целта е креирање квалификуван и стручен кадар кој ќе одговори на потребите на пазарот на трудот.
Најавено е обраќање на министерката за образование и наука Мила Царовска, швајцарската амбасадорка Сибил Сутер и на градоначалникот на Скопје Петре Шилегов.