• Latest

МОН: Новата концепција е рамката на основното образование, ја подготвуваме заедно со сите засегнати страни

December 21, 2020
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

Судир со реалноста во Стразбур: ЕП ги изгласа сите услови и остри критики за реформите во Скопје

June 18, 2026

„Женското е туѓа фамилија“

June 18, 2026
Фрагмент од профилната слика на Трамп на Truth Social

Newsweek: Расте бројот на Американци кои го гледаат Трамп како „опасен диктатор“

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

МОН: Новата концепција е рамката на основното образование, ја подготвуваме заедно со сите засегнати страни

December 21, 2020 12:15
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за образование и наука денеска соопшти дека секоја новина предизвикува неизвесност од непознатото, така и најавата за воведување целосно нова концепција за основно образование предизвика грижи за она што ни претстои. Oбврска на Министерството за образование и наука е да понудиме појаснување што точно ќе значат темелните реформи, да ги слушнеме размислувањата на сите вклучени чинители во овој процес и заеднички да донесеме одлуки кои се во најдобар интерес на децата.

За таа цел, МОН подготви презентација (во продолжение) со појаснувања за некои од грижите коишто ги имаат граѓаните, наставниците, родителите и учениците за најавената нова концепција за образование.

„Како што и претходно веќе информиравме, воведувањето на наставниот предмет општествени науки не значи дека се укинува наставниот предмет историја, туку содржините од него стануваат задолжителен дел од интегрираната наставна програма. Преку интегрирање содржини од историја, граѓанско образование и географија, наставниците по овие предмети продолжуваат да работат во училиштето, но сега заеднички ја планираат наставата, ги поврзуваат општествените појави и процеси, а учениците ги учат од различни перспективи. Исто така, концепцијата за основно образование ја дава „рамката“ според која се планира основното образование и документот не ги брише содржини од наставните предмети, ниту пак предвидува менување на содржините од предметот историја“, истакнува МОН.

Изработката на поединечните наставни програми, како што додава, ќе следува по развојот и прифаќањето на концепцијата. Наставните програми ќе бидат изработени од наставници, универзитетски професори и советници од Бирото за развој на образованието.

Според МОН, интегрираните наставни програми позитивно влијаат на постигнувањата на учениците и им овозможуваат да го користат наученото и надвор од определен предмет, да го користат своето знаење креативно и да развијат критичка мисла и ефективни стратегии за учење.

„Интегрираните предмети не се новина во образованието во светот, ниту во нашиот образовен систем (таков пример е предметот природни науки до шесто одделение). Многубројни истражувања покажуваат дека интегрираните наставни програми им помагаат на учениците да ги согледаат врските помеѓу различни природни и/или општествени појави, да го поврзат тоа што го учат со секојдневието и да развијат вештини за доживотно учење“, наведува Министерството.

Концепцијата за основно образование не го одредува бројот на наставници. Но, направените анализи, според МОН, укажуваат дека сите наставници остануваат на работа, бидејќи севкупниот број на часови во наставниот план не е намален.

Со предвидените слободни изборни предмети, наставниците имаат слобода и можност да ја искористат својата креативност во изработка на наставни програми за изборните предмети, според интересите и барањата на учениците.

„Со новата концепција иако бројот на часови за уметничко образование е намален во споредба со фонд на часови за музичко и ликовно образование, сепак преку слободните изборни предмети учениците кои покажуваат афинитет и талент за уметностите имаат можност да се определат и изберат модул од уметностите во текот на сите одделенија на основното образование. Дополнително, Концепцијата предвидува задолжителност и на воннаставните активности, кои исто така нудат програми и активности за развој на уметничкиот талент и наобразба кај учениците“, соопштува МОН.

Ефективно поминатото време на училиште, во кое учениците се активно ангажирани во комуникација со наставниците преку наставни и воннаставни активности е поврзано со повисоки постигања, особено кај ученици кои доаѓаат од социјално ранливи семејства. Исто така, доколку училиштето нуди активности поврзани со интересите на учениците, тие со задоволство ќе поминуваат подолго време во училиште.

МОН во соопштението понатаму информира дека наставата во училиштето ја изведуваат компетентни наставници. Така ќе биде и со наставата по интегрираните наставни предмети. За секоја наставна дисциплина ќе изведува настава соодветниот наставник, што значи повеќе наставници, согласно предвиденото планирање, ќе работат со учениците на часовите по природни науки и општествени науки.

„Во подготовката на новата Концепција, МОН се водеше од истражување, спроведено во ноември 2020 на 4168 наставници, кои ги идентификуваа потребите од образовна реформа и аспектите на кои таа треба да се базира. Исто така, земени се предвид анализите од меѓународни релевантни организации и институции кои укажуваат дека се потребни итни и неодложни реформи на образованието“, информира МОН во соопштението придружено со презентација.

„Нашата намера не е да ги укинеме предметите историја, географија, физика или биологија во образованието. Фузирањето значи ефикасност, намалување на наставните содржини кои се вишок и не им се потребни на учесниците со цел да добијат дополнително можност за општествени и социјални дејности во рамки на времето кое го поминуваат во училиште“, истакна премиерот Зоран Заев, појаснувајќи го новиот концепт на основно образование кој го најави Министерството за образование и наука, а кој изминатите денови предизвика реакција во јавноста.

Одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција, Заев нагласи дека нема да се брза со оваа реформа, иако, како што рече, таа е важна и треба час поскоро да се започне. Премиерот посочи дека внимателно ќе се слушнат сугестиите од сите засегнати страни.

„Тука е експертската јавност, тука се универзитетите, тука се наставниците, професорите, но и стручните служби од МОН, Бирото за развој на образованието, Педагошката служба и сите релевантни институции за ова прашање“, рече Заев.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ