• Latest

МОН: Одбиената понуда од 2500 денари покачување на платите е обид за загрозување на интересите на децата, родителите и општеството

April 18, 2022
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

МОН: Одбиената понуда од 2500 денари покачување на платите е обид за загрозување на интересите на децата, родителите и општеството

April 18, 2022 15:44
in ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ
Share on FacebookShare on Twitter

„Образованието на младите е најважно и обезбедувањето на континуитет и квалитет на воспитно – образовниот процес секогаш треба да биде највисок приоритет при делувањето и одлучувањето на сите општествено чинители и субјекти кои учествуваат во организирањето на овој процес. Се работи за наша заедничка законска, етичка и морална должност и имаме обврска истата да ја спроведуваме, независно на предизвиците кои тековно се појавуваат и кои отсекогаш сме ги надминувале низ дијалог, без да се нанесува штета по знаењето на учениците“, соопштуваат од Министерството за образование и наука.

„Министерството за образование и наука во неколку наврати изминатиот период апелираше до раководството на СОНК заеднички да ја продолжиме практиката на паралелно извршување на работните задачи и обврски на вработените во училиштата заради непречено одвивање на работата на образовните установи и на преговарање за решавање на прашања кои ги засегаат. Но, овој пат останува нејасно зошто синдикатот реши да оди во друга насока.

СОНК не го прифати предлог за покачување на платите на наставниците во износ од 2500 денари, обезбедени во услови кога државата се соочуваа со здравствена и економска криза. Овој потег единствено може да се сфати како уцена која загрозува интересите на учениците, родителите и семејствата.

Сепак, убедени сме дека оваа одлука не го одразува ставот на мнозинстовото наставници кои членуваат во синдикалната организација – СОНК и затоа упатуваме апел до сите наставници, кои водени од желбата да учествуваат во создавањето на ученички генерации и во градењето на иднината на државата, всушност одлучиле да се занимаваат со најблагородната професија, да продолжат да работат во интерес на учениците и уште од утре да се вратат на работните места и да ги извршуваат своите работни обврски, овозможувајќи им на младите да продолжат да се надградуваат.

Да ги вратиме учениците таму кадешто им е местото. Тоа единствено оди во прилог на идејата за градење на нови генерации, подобри од претходните.

Повисоки плати мора да има и ќе има. Освен покачувањето за 10%, во план е и развивање на модел за долгорочно поврзување на системот на плати со минималната плата. МОН ќе продолжи и да ја обезбедува можноста за наставниците и стручните соработници да напредуваат во звања – ментор и советник, што исто така значи повисоки месечни примања за секој кој ќе го оствари ова право. Продолжува и унапредувањето на условите за работа преку континуирани инвестиции во образовната инфраструктура и опремувањето на училиштата.

Не треба да постои сомнеш дека грижата за наставниците ќе продолжи и во иднина. Посочуваме дека само во изминатите три години, како резултат на волјата на Владата, колективното договарање резултираше со зголемување на платите во образованието за над 21%. Затоа, да ги вратиме учениците на настава, а решавањето на предизвиците да го препуштиме на социјалниот дијалог. Штрајкот е право, но не и најдобра опција во овој момент и во услови кога постои силна волја за добро решение.

Да не ги разочараме учениците и да не дозволиме наместо подобри, да создаваме генерации со помалку знаења од претходните““, се вели во соопштението на МОН.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    121 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ