Русија може да „обезбеди безбеден премин“ за украинските пратки со жито од пристаништата на Црното Море во земјата, но не е одговорна за воспоставување на коридори, изјави постојаниот претставник на Русија во Советот за безбедност на Обединетите нации Василиј Небензја, пренесува МИА.
– Ние не сме одговорни за воспоставување безбедни коридори. Рековме дека можеме да обезбедиме безбеден премин доколку се воспостават овие коридори. Воспоставете ги, порача Небензја.
Како што рече постојаниот претставник на Русија во Советот за безбедност на ОН, очигледно е дека е потребно или да се деминираат териториите, за кој тој вели дека се минирани од Украинците или да се осигура дека тие мини ќе бидат заобиколени.