• Latest

Моторџиите и Градот Скопје на работна група ќе договараат регулирање на паркирањето мотори

July 1, 2018

Политичкиот инженеринг на летниот вакуум

July 17, 2026

Која е вашата порака, барање или прашање до политичарите? – граѓаните прашуваат, политичарите (не) одговараат

July 17, 2026

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Моторџиите и Градот Скопје на работна група ќе договараат регулирање на паркирањето мотори

July 1, 2018 14:11
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Моторџиите и Градот Скопје ќе формираат работна група за надминување на разликите околу плановите на градот за регулирање на паркирањето мотори. Ова е договорено на денешната средба меѓу градоначалникот Петре Шилегов и претставници од неколку мото клубови, кои денеска се собраа на предупредувачки протест во градскиот парк пред канцелариите на Град Скопје.

Работната група ќе биде составена од по пет члена, а првата средба е закажана за утре во 15 часот во просториите на Град Скопје.

Градоначалникот Шилегов, пред моторџиите образложи дека идејата во првата година е да се означат места за паркирање на мотори и мотоцикли на постојните паркинг зони во градот и на почетокот услугата да биде бесплатна, а веќе од следната година да почне да се наплаќа паркинг услугата од пет до седум денари за час паркинг за мотори над 50 кубни сантиметри, додека за малите мопеди паркингот ќе биде бесплатен.

– Како дел од сообраќајот немате право на паркинг. Принудени сте да возите на овој начин како што се вози низ градот, кога ќе стасате на одредена дестинација немате каде да го оставите моторот, изјави Шилегов.

Посочи дека треба заедно да дојдат до билансот што е потребно, односно колку мотори се користат и колкава е фреквенцијата.

Прашан од каде е идејата за овој проблем, Шилегов кажа дека примил 289 јавувања од граѓани за проблеми со мотори.

Моторџиите, на средбата му порачаа на градоначалникот „да не прави проблеми таму каде што ги нема и прво да покаже чувство за нивната безбедност и да ги решава вистинските проблеми во соообраќајот во Скопје“.

Претседателот на мото клубот „Ноќни волци“ Ленин Јовановски, нагласи дека е важно да се објасни дали со означување паркинг места за моторите ќе се остави на добра волја на моторџиите дали ќе паркираат таму или доколку бидат паркирани на необележано место ќе бидат казнувани.

По средбата моторџиите кажаа дека остануваат на ставот дека паркинг простор за мотоцикл треба да има, ама да не се наплаќа.

Владимир Тунтев од мото клуб „Вепар“, по средбата, кажа дека нема да прифатат никаква промена во ништо друго.

– Ако сака нека си направи паркинг места, меѓутоа ние да си паркираме каде што си паркираме зошто на никого не сметаме. Ако продолжат со било какви одлуки, јас мислам дека цел град ќе го блокираме после и тогаш ќе видиме колку сме регистрирани, рече Тунтев.

Ненад Николовски од мото клуб „Мото Скопје“, по средбата кажа дека останува од утре да работат во работни групи и да видат дали можат да го најдат решението на овој проблем.

– Меѓутоа ние изложивме многу повеќе проблеми. Паркирањето е последниот проблем со кој се соочуваме ние, а се соочуваат и дргите граѓани, изјави Николовски.

Tags: Градот Скопједоговараат регулирањеМоторџиитепаркирањето моториработна група
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ