• Latest
МТСП (фото: А. Ангеловски/ЦИВИЛ)

МТСП со демант за паушалните објави на Левица за третманот на децата сместени во згрижувачки семејства и групни домови

May 11, 2023
Фотоколаж: Фб, страна на Христијан Мицкоски/ скриншот од Инстаграм

Додека Лондончани се радуваат на палењето на Божиќните светла, во Скопје се радуваат на ротационите светла на камионите за собирање ѓубре

November 8, 2025
Креирано со помош на ВИ

Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Технички пропусти и култура на некомпетентност (3 дел)

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Избирачкиот список – хроничен извор на недоверба (2 дел)

November 8, 2025
Христијан Мицкоски, протестен собир против Европската рамка за преговори, јуни 2022 година (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

„Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

November 8, 2025
Скриншот од видео објавено од украинската амбасадорка Лариса Дир на Х

Амбасадорката Дир објави видео од спасувачките операции по ноќните напади на Русија врз Украина, меѓу повредените има деца

November 8, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

САД ѝ одобрија на Унгарија едногодишно изземање од санкциите за увоз на руска нафта и гас

November 8, 2025
Креирано со помош на OpenAI/ChatGPT

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Формален процес без суштински интегритет (1 дел)

November 8, 2025

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ДЕЗИНФОРМАЦИИ

МТСП со демант за паушалните објави на Левица за третманот на децата сместени во згрижувачки семејства и групни домови

May 11, 2023 15:56
in ВЕСТИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ОПШТЕСТВО
МТСП (фото: А. Ангеловски/ЦИВИЛ)

МТСП (фото: А. Ангеловски/ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за труд и социјала политика ги оцени како неаргументирани, неиздржани и паушални објавите на социјалните медиуми во врска со третманот на децата сместени во згрижувачки семејства и групни домови, а во врска со работата на Министерството за труд и социјална политика, објавени на ФБ страницата на политичката партија – Левица. 

– Во насока на точно информирање на јавноста и целосно демантирање на изнесените невистини, Министерството за труд и социјална политика ја известува јавноста дека целта на социјалната реформа е соодветно згрижување и сместување на секое дете врз основа на претходно направена проценка од страна на стручни надлежни лица од релевантните институции. Се избира најсоодветна форма на грижа а тргнувајќи од најдобриот интерес на детето и во согласност со законите кои што ги регулираат правата на децата, се појаснува во демантот од МТСП.

Деинституционализацијата, се појаснува, е дел од социјалната реформа која обезбедува пред се, соодветни хумани услови за живот во интерес на правилен развој, социјализација, ресоцијализација, реинтеграција и инклузија на децата во ризик.

Согласно претходно наведеното, посочуваат од МТСП, постојат повеќе форми на грижа за децата и тоа: мали групни домови за деца без родители и родителска грижа, мали групни домови за деца со воспитно-социјални проблеми и деца со нарушено поведение, станбени единици за живеење со поддршка на лица со попреченост како и згрижувачки семејства.

Воспоставени се седум мали групни домови (МГД) при ЈУ за згрижување на деца со воспитно социјални проблеми и нарушено поведение, четири при ЈУ „11 октомври“ за деца без родители и родителска грижа и уште осум МГД во Штип, Кавадарци, Берово и Битола, 55 станбени единици за живеење со поддршка на лица со попреченост и 360 згрижувачки семејства на ниво на држава.

– Тоа се околу 95 деца сместени во мали групни домови, 275 лица со попреченост во станбени единици и 608 деца/лица во згрижувачки семејства. Горенаведените форми на грижа се најблиски на една здрава семејна средина и им овозможуваат на децата сигурен и безбеден начин на живеење за нивни правилен раст и развој. Во рамки на истите секое дете добива еднаков индивидуален третман и 24 часовна грижа од страна на стручни лица, стои во демантот од МТСП .

Секој потенцијален згрижувач, се подвлекува, мора да ги исполни законски уредените критериуми како што се: возраст, станбено материјална состојба, здравствена состојба, лична подобност (доказ од казнена евиденција), проценка на лични потенцијали и компетенции и задолжителна обука за стекнување на статус на згрижувачко семејство. Потенцираат дека неисполнувањето на еден од овие услови го исклучува лицето/семејството  од можноста за стекнување на статус на згрижувачко семејство.

Центрите за поддршка на згрижувачки семејства имаат законска обврска да ја спроведат проценката на подобноста на секој потенцијален згрижувач, како и обврска да го следат квалитетот на грижа и работата на згрижувачките семејства и континуирано јакнење на компетенциите на згрижувачите.

– Доколку се утврди неправилна грижа кон сместените корисници на услуги, стручните лица од центрите за поддршка постапуваат согласно своите надлежности или поконкретно одземање на правото на згрижувач. Контролата на квалитет на грижа се спроведува и ненајавено преку  посети на згрижувачите семејства, посети во училиштатата и детските градинки, се подвлекува во демантот од МТСП.

Како пример наведуваат дека изминатата 2022 година, Центарот за поддршка при ЈУ „11 Октомври“, има направено 638 посети во сите 168 згрижувачки семејства кои се во негова надлежност.

За квалитетот на грижа и условите во кои престојуваат децата, претставници на министерството и министерката Тренчевска лично преку редовни посети остваруваат директен и реален увид во тековните случувања и работењето на истите.

Оттука, се вели во демантот, ширењето на дезинформации и неаргументирани изјави како наведените од Левица се на штета на сите граѓани, потенцијални згрижувачи и згрижени деца, затоа што создаваат нереална и искривена слика и предизвикува чувство на загрозеност и несигурност кај граѓаните.

Министерството за труд и социјална политика, стои во демантот, ова го оценува како прибирање на политички поени на грбот на најранливата и најосетлива категорија на граѓани во системот на социјална заштита.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ