• Latest

МТСП: Стечајните работници задоволни од измените на законот

March 2, 2018

Си-ен-ен: Планот на Нетанјаху за преземање на Газа не задоволува никого освен него самиот

August 9, 2025

ДИК го усвои календарот за локалните избори: Поднесување листи на кандидати до 13 септември, кампањата ќе почне на 29 септември

August 9, 2025

ЦУК: Вкупно пет пожари на отворен простор, од кои два се изгаснати, а три сè уште активни

August 9, 2025

Внатрешна контрола на МВР го проверува постапувањето на полициските службеници за време на претресот во Демир Хисар

August 9, 2025
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 10 мај 2025 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Зеленски: Одговорот на украинското територијално прашање веќе се наоѓа во Уставот на Украина, од тоа никој нема да се повлече и нема да може да се повлече

August 9, 2025
Фотографија: Собрание на РСМ

Гаши ги распиша осмите локални избори што ќе се одржат на 19 октомври

August 9, 2025

Упад на полиција во дом на директорка на училиште во Демир Хисар – нејзиниот адвокат обвинува за политички притисок на ден пред распишување на изборите

August 9, 2025
Фотографија: Фејсбук профил на Окуружното обвинителство во Херсон

Руски напад со дрон врз минибус во областа Херсон, повредени 16 лица

August 9, 2025

Министерството за здравство ја презема контролата врз лиценцирањето на стоматолозите поради сериозни пропусти и сомнежи за злоупотреби

August 9, 2025
Фотографија: Скриншот FoxNews

Иран го поддржа мировниот договор меѓу Азербејџан и Ерменија

August 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

МТСП: Стечајните работници задоволни од измените на законот

March 2, 2018 16:47
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска денеска се сретна со Лилјана Георгиевска, претседателка на Здружението на стечајни работници – УНИТ и регионалните координатори на здружението.

Претставниците на стечајните работници изразија задоволство поради измените на Законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата, предложени од страна на МТСП. Владата минатата недела ги усвои измените и предлог-законот е веќе во собраниска процедура, соопшти Министерството.

Согласно Законот за стечајци што беше донесен во септември 2017 година, досега се издадени решенија на 2.732 стечајни работници. Со овие измени ќе бидат опфатени дополнителни 1.900 лица.

Со усвоените измени и дополнувања на законот се олеснуваат потребните услови утврдени со постојниот закон, кои се однесуваат на стекнување на правото на материјално обезбедување доколку престанокот на работниот однос настанал во моментот кога претпријатието со доминантна сопственост на државата се приватизирало, под услов единствениот матичен број на субјектот да не е променет од моментот на засновањето на работниот однос во тоа претпријатие, до неговиот престанок.

Истовремено, поголема флексибилност е дадена со условот за потребната возраст која треба да ја има невработеното лице (најмалку 52 години за жени, односно 55 години за мажи), со тоа што истата сега се исполнува не од моментот на стапување во сила на постојниот закон, туку во моментот на поднесување на барањето за остварување на правото за материјално обезбедување.


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: МТСПстецајци
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • „Гасни комори“ за Албанците: Ова е „гордата Македонија“ на Мицкоски

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • (ВИДЕО) Скандалозно националистичко скандирање и говор на омраза на натпреварот во Куманово во присуство на Мицкоски, Toшковски, Димитриески

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Oбид за убиство и насилство во Струга, со „БМВ Х6“ му го пресекол патот и со нож го прободeл во вратот, стомакот и надлактицата

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Збрка и будалаштина

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • „Илирида, Чамерија“ и „Наше ќе биде и Солунско поле“

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ