ЦИВИЛ организира панел дискусија на тема „Мултикултурализам, дискриминација и толеранција кај младите“, на 30 март (среда), во 13 часот во прес центарот на организацијата во Бизнис Центарот „Палома Бјанка“.
На панелот ќе се отворат прашања за еднаквата основа за развој во различни сфери и аспекти, како што е застапувањето, образованието, вработувањата и слично, како да се креира и да се задржи таа еднаква основа, врз која се гради стабилноста на едно општество во сите аспекти. Со еднаквата основа за развој се почитуваат и човековите права и слободи, и се негува мултикултурализмот во нашето општество.
Настанот ќе биде емитуван во живо на Фејсбук страницата и Јутуб каналот на ЦИВИЛ, а содржините од панелот ќе бидат објавени на медиумската платформа ЦИВИЛ МЕДИА.
Панелот е дел од проектот „Чекор напред кон мултикултурно општество“ кој ЦИВИЛ го спроведува со поддршка од Министерството за надворешни работи и европски прашања на Големото Војводство Луксембург.