• Latest

Мултимедијален настан „Украина е…“ во Мобилната монтажна галерија во паркот на Франкофонијата

October 9, 2024
Германски и советски војници фотографирани заедно неколку дена откако советските единици влегоа во Полска. Фото: Јавен домен / Wikicommons

Пропаганда и негирање: Како Русија ја правда својата инвазија на Полска во 1939 година, во договор со Хитлер

September 17, 2025
Фото: ЦУК

ЦУК: Под контрола пожарите во селото Трубарево и во Дрисла, активни пожарите во селата Виниче, Петрово, Вражале и Крушево

September 17, 2025
Дел од „пакетот“ американска воена помош за Украина, 20 јануари 2022 година. (photo source: Wikimedia Commons / photo by Mauricio Campino)

Администрацијата на Трамп одобри прва помош во оружје за Украина финансирана од НАТО сојузниците

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Al Jazeera English

ЕУ крои план за ограничувања на трговијата со Израел поради војната во Газа

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на ONT TV Channel

Руските војници почнаа да ја напуштаат Белорусија по вежбите „Запад-2025“

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Поранешна шефица за здравство на САД: РФК помладиот ме отпушти кога не сакав да отпуштам персонал за вакцинирање без причина

September 17, 2025

24 ЧАСА: Уставен не поведе постапка за Правилникот на ДИК; Србија прва во ЕУ по кршења на медиумската слобода; Навални бил отруен; Фемицидот во Северна Македонија – невидливо злосторство и глуви институции

September 17, 2025
Фото: Скриншот

MFRR: Србија е на прво место во Европа по бројот на кршења на слободата на медиумите

September 17, 2025

„Стела“ повикува на протест пред МВР против колективниот системски крах кој дозволува континуирано насилство врз жени што доведува до фемициди

September 17, 2025
Тануја Пандеј, 24-годишна активистка за заштита на животната средина, една од организаторите на протестот. Фото: Скриншот од видео на Al Jazeera English

Политичарите се богатат додека ние страдаме – Генерацијата Z во Непал ја собори владата за помалку од 48 часа

September 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Мултимедијален настан „Украина е…“ во Мобилната монтажна галерија во паркот на Франкофонијата

October 9, 2024 22:03
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Центарот за современи уметности – Скопје и LOGS Асоцијацијата од Романија денеска организираа мултимедијалнен настан насловен „Украина е…“  што ќе се одржи во Мобилната монтажна галерија во паркот на Франкофонијата во  Скопје.

-Целта на настанот е да ја зголеми свеста за состојбите со кои се соочува Украина заради руската агресија и на тој начин да придонесе кон ширење на вистините за случувањата во Украина, како и да ја зголеми солидарноста кон милиони украински бегалци раселени насекаде низ Европа. Настанот се состои од три елемента – изложба, музички дел и дегустација на традиционална украинска храна, наведуваат организаторите.

Изложбата „Украина е…“  претставува кураторски концепт на украинската кураторка  која моментално живее во Темишвар, (Романија) Јана Розбицкаја, кој преку серија фотографии ги претставува најважните карактеристики на современата и традиционалната украинска култура, но ги презентира и придобивките што Украина и украинската култура ги дале на целиот свет.

Музичкиот дел е планиран со настап на украинските вокални изведувачи Ана Бречко, Софија Ковалова и Лесја Баженова кои ќе интерпретираат модерна и традиционална украинска  музика.

Финално на настанот посетителите ќе имаат можност да дегустираат вкусови и ароми на традиционална слатка украинска храна, домашно приготвена со љубов од украинските бегалци кои се наоѓаат во Романија.

Првиот настан двете организации го одржаа вчера, во форма на отворен разговор на тема „Културата и културната дипломатија во времиња на војни – Искуства и предизвици“. Идејата на отворениот разговор посветен на културната дипломатија беше да се дискутира како уметноста и културата можат да се  вклучат и да се користат како средство за иницирање соработка и меѓусебно разбирање помеѓу државите и нациите, вклучувајќи размена на идеи, уметнички дела и продукција, со цел подобро меѓусебно разбирање и доверба во времиња на војни и конфликти.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Изложба „Украина е…“Паркот на франкофонијата
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Милош Биковиќ и Христијан Мицкоски (фото извор: Инстаграм профил на Мицкоски)

    Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

    239 shares
    Share 96 Tweet 60
  • Крвави лица на Мицкоски, Тошковски и Јанев на страницата „Убијците на Кочани“ – ВМРО-ДПМНЕ бара истрага

    168 shares
    Share 67 Tweet 42
  • По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

    145 shares
    Share 58 Tweet 36
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    138 shares
    Share 55 Tweet 35
  • Проф. Андонов: Политикантските коментари на Мицкоски за наводни хибридни напади против неговата влада не се ништо освен пропаганда за негов спас на изборите

    129 shares
    Share 52 Tweet 32
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ