Во светот денеска се одбележува Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, кој УНЕСКО го прогласи на 30-тата сесија на Генералната конференција во 1999 година. Во 2000 година 21 февруари е промовиран како Ден на лингвистичка и културна разновидност и мултилингвизам.
Во светот денес се зборуваат околу шест илјади јазици, а на половина им се заканува исчезнување во многу делови на светот. Околу 200 земји се наоѓаат пред предизвикот да ги сочуваат „малите” јазици и да се погрижат тие да се употребуваат заедно со светските јазици, Според статистиката, во последните три века има изумирање или драматично намалување на бројот на јазици, особено на американскиот и на австралискиот континент.
Покрај Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, на 26 септември се одбележува и Денот на европските јазици. Во 1998 година стапи во сила Европската повелба за заштита на регионалните и малцинските јазици со која, исто така, се потенцира лингвистичката разновидност и повеќејазичноста.
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.