Во одоговор на новинарско прашање за тоа како ќе се однесува ВМРО-ДПМНЕ кон Преспанскиот договор по Извршната наредба на американскиот претседател Џо Бајден, меѓународниот секретар на партијата, Тимчо Муцунски, одговори:
„ВМРО-ДПМНЕ, пред сè, ја признава волјата на граѓаните, тоа што народот неколку пати го има кажано. Ние ќе дејствуваме во насока на тоа што е стратешки интерес на македонските граѓани и тука ние ќе го насочиме нашето дејствување. Како што кажав, согласно народната волја, веќе определена на референдум кој се одржа во 2018 година.“
Преспанскиот договор со Грција и Охридскиот рамковен договор се најдоа на листата на САД на клучни договори од регионот, кои доколку не се почитуваат и спроведуваат може да доведат до дестабилизација. Ова стана јасно откако американскиот претседател Џо Бајден потпиша Извршна наредба со која им се забранува влез во САД на сите лица што од Западен Балкан што нема да ги почитуваат овие договори, а воедно и ќе им го конфискува имотот на територија на државата.