ЦИВИЛ не доби одговор од Министерството за внатрешни работи, дали има некаква постапка по вчерашниот физички напад на неколку насилници врз демонстрантот кој на Скопски маратон носеше парола: „Трчај како да ја носиш веста дека Грујо е во затвор“.
На медиумите и социјалните мрежи се вртат сликите од физичкиот напад кој се случи по завршување на маратонот. Од МВР, до овој момент не ни одговорија, односно молчат за инцидентот. Со овој молк, се остава простор за шпекулации и прашања дали МВР им дава амин на сите насилници физички да се пресметаат со неистомислениците.
Досега се случија неколку физички напади врз активисти, а МВР сѐ уште нема информација дали воопшто има некаква пријава. Истот се однесува на Основното јавно обвинителство.
Откако започнаа протестите мета на физички напади забележани досега се момчето со транспарентот на Скопскиот маратон и активистката што сакаше да напише графит на Триумфална порта. Тепачите се на слобода. Дали МВР и понатаму ќе ги толерира насилниците останува да покаже времето!
Д.М.