• Latest

МВР: Разбиена организирана криминална група нарко-дилери, приведени шест лица, запленета дрога вредна над 800 илјади евра

April 10, 2021
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Иран лансираше ракети врз американската база во Катар како одговор на нападите врз неговите нуклеарни капацитети

June 23, 2025
Фото: МНРиНТ

МНРиНТ: Граѓаните да не патуваат на Блискиот Исток, ќе се евакуира уште едно македонско семејство од Израел

June 23, 2025

Кон обновата на Украина

June 23, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

Маратонците го трчаат почесниот круг – „во цветот на староста“ ќе ги спасуваат Македонците од геноцид

June 23, 2025
Фатмир Битиќи (фото: А. Мехмети / ЦИВИЛ)

Битиќи за НОВА: Ако Владата одлучи да го игнорира или сопре ИФМИС, тоа значи дека одбива внатрешна контрола, не сака автоматизација на системите, а уште помалку сака јавноста да знае како и каде се трошат парите

June 23, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Ниту по 36 обиди не се конституира косовското собрание; На северот на Косово запленето оружје кај лидерот на „партијата за српска демократија“, полицијата трага по него; Во Њујорк се одржа парада на Албанците

June 23, 2025

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за операцијата на САД во Иран?

June 23, 2025

Богојески ја отстранува „родовата идеологија“ од Еразмус+ и ЕСК

June 23, 2025
Фото: украинската амбасадорка во Северна Македонија, Лариса Дир/ Х

Амбасадорката Дир: Кијив – уште една ноќ на терор, ракети и дронови од рф погодија станбени згради и болници, под урнатините има луѓе

June 23, 2025
Фото: Амбасада на ОК во Северна Македонија

Специјалната претставничка на ОК за Западен Балкан, дама Карен Пирс: Обединетото Кралство ја зајакнува регионалната соработка во Западен Балкан

June 23, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

МВР: Разбиена организирана криминална група нарко-дилери, приведени шест лица, запленета дрога вредна над 800 илјади евра

April 10, 2021 15:46
in ВЕСТИ, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

ОВР Кавадарци денеска до Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје поднесе кривична пријава за организирана криминална група, и тоа против Д.Ј.(35) од Струмица, А.У.(45) од Скопје. М.З.(29) од Куманово, М.С.(36) од Битола, К.С.(46) од Прилеп, Г.К.(25) од Скопје, поради постоење основи на сомневање дека го сториле кривичното дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”, предвидено и казниво по чл. 215 ст.3 од Кривичниот законик на Република Северна Македонија, соопшти МВР.

Кривичната пријава за организираната група била резултат на повеќемесечна истрага во која поддршка дала и Американската служба за борба против дрога – ДЕА по која следувала вчерашната акција во која беше запленета поголема количина дрога во вредност од над 800 илјади евра.

-Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи, во соработка со Одделот за спречување на организиран и сериозен криминал и Специјалната антитерористичка единица „Тигар“, со поддршка на Американската служба за борба против дрога – ДЕА спроведоа повеќемесечна истрага, во координација и по насоки на Јавен обвинител од ОЈОГОКК, а во текот на вчерашниот ден беше реализирана заеднички координирана акција, при што на патниот правец Прилеп – Росоман, во близина на с.Раец биле запрени патничко возило „ауди А8“, со скопски регистарски ознаки, во кое биле пријавените К.С. и М.З.. Веднаш потоа е запрено патничко возило „дачија дастер“, со скопски регистраски ознаки, управувано од А.У, каде како сопатник бил Г.К., а зад нив и товарно возило „комбе“, во кое се наоѓала поголема количина дрога, спакувана во 40 картонски кутии во кои имало 400 полиетиленски пакувања со дрога. Лицата се лишени од слобода и од извршеното вештачење на пронајдената дрога е утврдено дека станува збор за марихуана во вкупна количина од околу 200 килограми, појаснуваат од МВР.

Во Прилеп, во исто време, е лишен од слобода и М.С., кој управувал товарно возило „ивеко“, со битолски регистарски ознаки, додека во Гевгелија, на бензинска пумпа, бил лишен и организаторот на криминалната група Д.Ј., кој управувал патничко возило „опел астра“, со скопски регистарски ознаки.

-При извршен претрес кај А.У. во стан во Скопје пронајдено е поголемо количество оружје, муниција, гранати, барут и делови за оружје, за што ќе му биде поднесена и кривична пријава за кривично дело по член 396 од Кривичниот законик, а при претрес извршен во стан во Битола, кај него се пронајдени 13.600 евра и 50 илјади денари, колекција луксузни часовници, како и документација за фабрики за производство на марихуана во медицински цели. При претрес кај М.З. во Куманово, пронајдени се два пиштола и куршуми, а поголема количина парични средства се пронајдени и при претрес кај К.С. во Прилеп, полициски службеник. При претресот кај Д.Ј. од Струмица пронајдени и одземени се мобилни телефони и сим картички, парични средства,а  при негов личен претрес е пронајдена марихуана. Претрес бил извршен и кај М.С. во Битола, при што биле пронајдени парични средства и обоени банкноти од евра кои потекнуваат од кражба на банкомат, се вели во соопштението од МВР.

По наредба на Јавен обвинител и добиена наредба од Судија на претходна постапка во соработка со Комисијата за оценување на исполнетост на условите и контрола за производство на медицински канабис при Министерството за здравство, во текот на ноќта е извршена контрола и во две фабрики за производство на медицински канабис во Прилеп и во Битола, со кои соработувал А.У..

-Сите шест лица се лишени од слобода и денеска ќе бидат изведени пред Судија на претходна постапка од Основен кривичен суд, а продолжува интензивна истрага со цел идентификување на други инволвирани лица во неовластена набавка, држење, пренесување и продажба на наркотична дрога. Министерството за внатрешни работи продолжува со бескомпромисната борба со криминалот, велат од МВР.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Централен одбор на ДОМ. Фото: dom.org.mk

    ДОМ ја напушта коалицијата со СДСМ

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Во оклопот на вмро, Македонците се желки на трката во Спа Франкоршамп

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Американски бомбардери Б-2 полетаа од американска база и се движат кон запад над Тихиот Океан

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Напад со „валкана бомба“: Можен следен потег на Иран против Израел

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Престолонаследникот Реза Пахлави ги повика Иранците на национално востание: „Сега е време да го вратиме Иран“

    90 shares
    Share 36 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ