• Latest

МЗ: Поддршка за отворање нови центри за рана интервенција кај децата со аутистичен спектар на нарушувања

April 2, 2021
REAKCII VODA

РЕАКЦИИ: Недостиг на вода и во град и во село – сите ја делат истата мака

July 9, 2025

24 ЧАСА: Извештајот на ЕП усвоен без македонски идентитет и јазик, Мицкоски вели – остануваме горди; Еден повреден, нападнати новинари, приведен газдата на опожарениот отпад во Визбегово, Русија со масовен напад врз Украина по критиките на Трамп кон Путин

July 9, 2025

Во Крива Паланка три пожари, поради ветерот постои опасност да се приближат кон домовите на жителите на населбата Лозаново

July 9, 2025
Фотографија: Wikipedia

Литванија и Финска тргнуваат во масовно производство на мини

July 9, 2025
фото: Влада

Започна изградбата на гасоводниот интерконектор со Грција во вредност од околу 60 милиони евра, Мицкоски вели – стануваме значајна енергетска крстосница

July 9, 2025
фото: МВР

Целосно прекинат сообраќајот кон Граничниот премин Блаце поради пожар

July 9, 2025
Фото: ЗНМ

Физички нападната новинарска екипа на АЛСАТ М во Визбегово, ЗНМ со остра осуда

July 9, 2025
Фотографија: Скришот од Би-би-си

Цената на ретките земни метали што светот ги купува од Кина: Загадена вода, контаминирана почва и загрозени животи

July 9, 2025

Без македонски идентитет и јазик, ЕП го усвои Извештајот на Вајц за Северна Македонија

July 9, 2025

Вајц: Северна Македонија лидер во регионот, за жал, бугарски европратеници го искористија Извештајот за внатрешни потреби

July 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

МЗ: Поддршка за отворање нови центри за рана интервенција кај децата со аутистичен спектар на нарушувања

April 2, 2021 13:59
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

По повод Меѓународен ден на аутизам, Министерството за здравство информира дека дава целосна поддршка за реформирање и отворање на нови здравствени центри за рана интервенција кај децата со аутистичен спектар на нарушувања.

Од Министерството информираат дека дале поддршка и овозможиле користење на дел од неискористениот простор на ЈЗУ во Здравствениот дом Скопје, во Општата болница во Охрид, во Специјалната болница Св. Еразмо и во Клиничката болница во Тетово за отворање на центри за давање на широк спектар на услуги кои можат да им помогнат на децата на кои имаат задоцнување во развојот или специфични здравствени состојби.

Сето ова е во рамки на отворената соработка со граѓанскиот сектор, а на барање на Здружението на граѓани за третман на лицата со аутизам, АДХД и Аспергеров синдром „Во мојот свет“ од Скопје.

Во овие центри е овозможено давање потребна поддршка на децата од различни видови професионалци на околу 200 деца (без центарот во Тетово кој сеуште не ги примил своите корисници) во кои ќе им се помогне да го достигнат максималното можно развојно ниво со што им се зголемуваат шансите за успех во подоцнежните години.

Од Министерството соопштија дека покрај вообичаената форма, првпат центарот во Тетово ќе се карактеризира со дополнителна форма на Мултиетнички центар за третман на деца со аутизам, АДХД и Аспергеров синдром.

Отворањето на овие центри е во рамките на промоцијата на развојната соработка во областа на социјалната структура на децата и младите со попреченост по иницијатива и соработка на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје која преку граѓанскиот сектор најде начин како да го финансира реновирањето и опремувањето на дел од наведените центри како и финансирањето на годишните третмани за деца од ранливи категории со аутистични нарушувања од социјално ранливи семејства.

Главната цел на овие центри, како што се наведува во соопштението на МЗ, е да се занимаваат со обезбедување на превентивни прегледи на новороденчиња и доенчиња, превентивни дијагностички процедури за рано откривање, и нивно навремено и соодветно лекување.

-Во работењето во овие центри треба да се промовира трансдисциплинарниот пристап во работењето со деца со попреченост и нивните семејства, од причина што во нашата земја до сега не бил дел од праксата во доменот на раната интервенција како пристап е базиран на тимска работа помеѓу стручни лица од различни профили, како услугата на рана интервенција и поддршката на семејството од примарен давател на услугата, односно од едно стручно лице кое може најдобро да ги пресретне потребите на детето и неговото семејство, соопштија од МЗ.

Оттаму посочуваат дека ваквите центри треба да создадат услови за рана интервенција и рехабилитација на последиците со што ќе се создадат поволни услови за елиминирање или надминување на последиците по здравјето на децата во подоцнежната возраст.

-Веруваме дека на овој начин, даваме придонес конкретно да му овозможиме на секое дете да се развие правилно, да има рана интервенција при рано дијагностицирани нарушувања во развојот, да ги спречува или ублажи пречките и да им се обезбеди психо-социјална поддршка на неговите родители, како легитимно право на секое хумано општество, се вели во соопштението.

Аутизмот или аутистичниот спектар на нарушувања (autism spectrum disorderѕ, ASD), претставуваат широк спектар на состојби кои се карактеризираат со предизвици во социјалните интеракции, говорот и невербалната комуникација, како и повторувачки однесувања. Иако аутизмот, како термин е дефиниран пред повеќе од 50 години, веројатно оваа состојба била дел од човечката состојба низ историјата.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ЗНМ

    Физички нападната новинарска екипа на АЛСАТ М во Визбегово, ЗНМ со остра осуда

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Канта за смет

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • (ВИДЕО) Диме Велев за ЦИВИЛ: Нема да дозволиме петмина во Комисијата за дијабетис да изиграваат Господ и да одлучуваат каква терапија треба да примаат 40.000 пациенти

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Потресни сведоштва од Сребреница: Објавени снимки од првите сведоци на геноцидот

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Без македонски идентитет и јазик, ЕП го усвои Извештајот на Вајц за Северна Македонија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ