• Latest

МЗ: Зголемувањето на платите за здравствените работници инвестиција во човечки капитал, во јавното здравство, но и во иднината на државата

May 26, 2020
REAKCII VODA

РЕАКЦИИ: Недостиг на вода и во град и во село – сите ја делат истата мака

July 9, 2025

24 ЧАСА: Извештајот на ЕП усвоен без македонски идентитет и јазик, Мицкоски вели – остануваме горди; Еден повреден, нападнати новинари, приведен газдата на опожарениот отпад во Визбегово, Русија со масовен напад врз Украина по критиките на Трамп кон Путин

July 9, 2025

Во Крива Паланка три пожари, поради ветерот постои опасност да се приближат кон домовите на жителите на населбата Лозаново

July 9, 2025
Фотографија: Wikipedia

Литванија и Финска тргнуваат во масовно производство на мини

July 9, 2025
фото: Влада

Започна изградбата на гасоводниот интерконектор со Грција во вредност од околу 60 милиони евра, Мицкоски вели – стануваме значајна енергетска крстосница

July 9, 2025
фото: МВР

Целосно прекинат сообраќајот кон Граничниот премин Блаце поради пожар

July 9, 2025
Фото: ЗНМ

Физички нападната новинарска екипа на АЛСАТ М во Визбегово, ЗНМ со остра осуда

July 9, 2025
Фотографија: Скришот од Би-би-си

Цената на ретките земни метали што светот ги купува од Кина: Загадена вода, контаминирана почва и загрозени животи

July 9, 2025

Без македонски идентитет и јазик, ЕП го усвои Извештајот на Вајц за Северна Македонија

July 9, 2025

Вајц: Северна Македонија лидер во регионот, за жал, бугарски европратеници го искористија Извештајот за внатрешни потреби

July 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

МЗ: Зголемувањето на платите за здравствените работници инвестиција во човечки капитал, во јавното здравство, но и во иднината на државата

May 26, 2020 13:25
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Вработените во здравствените установи за сите здравствени и нездравствени работници кои беа вклучени и се уште се вклучени во работа со пациентите заболени од коронавирусот во нашата земја, доктори, медицински сестри, но и нездравствени работници болничари, транспортери, возачите во службата за итна медицинска помош, ќе добијат награда од 20 проценти од основната плата за два месеци. Начинот на исплата ќе биде со платежната картичка која се чека да биде подготвена од страна на министерството за финансии.

Ова денеска го соопштија од Министерството за здравство од каде потенцираат дека во мигови кога целиот свет се соочува со криза за јавното здравје, јасно е дека здравството и здравствените работници се еден од клучните столбови во државата, кои се во постојана борба за справување со коронавирусот, но се и најизложени на ризици.

– Оваа награда е само дополнување на она на што веќе работиме подолг период во Министерството за здравство – вложуваме во човечкиот капитал, во јавното здравје, зошто знаеме дека само квалификуван и мотивиран медицински кадар е еден од основните предуслови за квалитетно здравство. Почнувајќи од 2018 година постојано вложуваме во вработените во јавното здравство и во споредба со декември 2017 година сега за илустрација само основната бруто плата на лекарот специјалист е зголемена за повеќе од 50 проценти, на медицинските сестри за 33 проценти, на општите лекари за 29 проценти, а на здравствените соработници за 15 проценти, не сметајќи ги наградите, изјавил министерот за здравство, Венко Филипче.

Првото покачување на платите во јавното здравство беше во септември 2018 година, кога на 19.123 вработени во јавно-здравствените установи им се зголеми основицата за плата за пет отсто,  во јануари 2019 година, следеше дополнително зголемување на платите на здравствените работници, доктори, медицински сестри, болничари, техничари, пет проценти за медицинските сестри, осум на медицинските сестри на клиниките и 10 проценти за докторите специјалисти. Во септември 2019 година, потсетуваат од МЗ, за пет отсто беше зголемена платата на администрацијата во здравството. Со зголемувањето на платите за февруари 2020 година на лекарите специјалисти за 25 проценти, и на медицинските сестри за 10 проценти, се заокружува циклусот на покачувања на плати во здравството.

– За илустрација просечно пресметаната и исплатена платата за профилот наставен кадар во декември 2017 година изнесувала 87.517 денари во бруто износ и до февруари 2020 година е зголемена на 122.810 денари или 40,3 отсто зголемување на бруто износот. Просечната плата на доктор специјалист во декември 2017 година изнесувала 72.192 денари во бруто, а во февруари 2020 година е зголемена на 111.377 денари – зголемување од 54 проценти, додека кај доктор на медицина во декември 2017 година изнесувала 45.952 денари во бруто износ и во февруари 2020 година се зголемува на 58.991 денари, односно зголемување од 29 отсто. Кај медицинските сестри со ВСС во декември 2017 година просечната плата изнесувала 37.753 денари во бруто и во февруари 2020 година е зголемена на 50.376 денари, а кај  медицински сестри со ССС во декември 2017 година изнесувала 28.814 денари и до февруари 2020 година се зголемила на 38.182 денари во бруто износ. Односно зголемувањето на просечната бруто плата кај медицинските сестри е 33,4 односно 32,5 отсто, појаснуваат од МЗ.

Кон овие зголемувања во платите, се подвлекува во соопштението, во текот на изминатите две години зголемени се коефициентите за исплата на дежурства на здравствените работници 4 до 5 пати и тоа 20 отсто зголемување добива наставниот кадар, 25 отсто лекарите специјалисти, 15 отсто општите лекари, 10 отсто медицинските сестри, и по 5 проценти здравствените соработници и помошно техничкиот персонал.

При тоа, Филипче истакнал дека иако ова е едно од најголемите покачувања на надоместоците во здравството со кои се зајакнуваат професионалните капацитети на здравствените работници, тоа, потенцирал, не го сфаќаме како трошок, туку како инвестиција во јавното здравство, но и во иднината на државата со оглед на тоа што имаме значителни подобрувања во сите сегменти на здравството, што директно ќе влијае врз одлуката на здравствените работници својата кариера да ја градат во нашето јавно здравство.

– Во мигови на здравствена криза како оваа која ја живееме денес, тоа се покажува како добра стратегија и инвестиција, вели Филипче.

Министерот Филипче потсетува и дека во периодот откога е на чело на Министерството за здравство, дадени се повеќе од 5.000 согласности за вработувања во јавно-здравствените установи во земјава, а за 15 проценти е зголемен капитациониот бод на матичните лекари од општа пракса, гинекологија и стоматологија и одобрени се повеќе од 1.000 специјализации и супспецијализации.

Print Friendly, PDF & Email
Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ЗНМ

    Физички нападната новинарска екипа на АЛСАТ М во Визбегово, ЗНМ со остра осуда

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Канта за смет

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • (ВИДЕО) Диме Велев за ЦИВИЛ: Нема да дозволиме петмина во Комисијата за дијабетис да изиграваат Господ и да одлучуваат каква терапија треба да примаат 40.000 пациенти

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Потресни сведоштва од Сребреница: Објавени снимки од првите сведоци на геноцидот

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Без македонски идентитет и јазик, ЕП го усвои Извештајот на Вајц за Северна Македонија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ