Паца Кавкалеска, фармацевтска лабораториска техничарка, од Прилеп која со години е без работа, по смртта на нејзиниот татко пред 7 месеци останала да преживува со 2800 денари социјална помош месечно.
„Црнина и солзи, тоа ми е секојдневие“, вели Кавкалеска пред камерата на ЦИВИЛ Медиа.
Таа вели дека не сака милостина, туку вработување. Се надевала дека новата власт ќе се погрижи за социјалните случаи, но ветувањата кои ги добива со години никако да се остварат.
„Не мора ни како фармацевтски лабораториски техничар, јас им кажав, можам да работам и на пријавница, и како сестра – помошничка, значи било што. Сепак сум од здравствена струка, со положена лиценца“, вели Кавкалеска.
Маја Ивановска