На 27 декемри ЦИВИЛ потсетува на 27-иот член од Универзалната декларација за човекови права кој гласи: 1.Секој има право слободно да учествува во културниот живот на заедницата, да ужива во уметноста и да учествува во научниот напредок и во користа што од таму произлегува.
2.Секој има право на заштита на моралните и материјалните интереси кои произлегуваат од секое научно, книжевно или уметничко дело чиј творец е тој.
Со слоганот „Слобода, правда, еднаквост“, ЦИВИЛ – Центар за слобода иницира Месец на активизам за човековите права во текот на целиот месец декември.
ЦИВИЛ повикува да се одбележуваат сите денови во годината на сличен начин, односно секој прв ден од месецот да биде посветен на соодветен член во Универзалната декларација за човековите права и така со ред, до последниот Член 30 од Декларацијата.
Најмалку што може да се направи е секој ден да се споделува по некој член од овој меѓународен документ во статус на социјалните мрежи, но може да се пишуваат и есеи, пораки, колумни и информации за случаи на кршење на човековите права и слободи. Затоа, фотографии и видео записи од граѓанските новинарки и новинари се повеќе од добредојдени за напорите да се разоткријат и разобличат ваквите случаи.