Се одржува 14-то издание на меѓународниот фолклорен фестивал „Сарај фест“, кој го организира К.У.Д Дрита е Дервенит – Сарај и ни овозможува да ја запознаеме уметноста, културата и фолклорот од повеќе балкански земји и пошироко.
Градоначалникот на Општина Сарај, Блерим Беџети истакна дека општината континуирано даваше и ќе дава целосна поддршка во развојот на уметноста и културата.
Тој во општинските простории ги пречека културно-уметничките друштва од Украина, Турција и Босна кои ги претставуваа своите држави на фестивалот „Сарај фест“.
На средбата сe разговараше за соработка, искуства, активности, а градоначалникот им се заблагодари за извонредниот придонес што го даваат во развојот на уметноста, културата и фолклорот.
Амбасадорката на Украина, Лариса Дир, изрази благодарност на фолклорниот фестивал „Сарај фест“ за годишната организација на мултинационалниот настан, на кој зеде учество украинскиот детски ансамбл „NEOGALAKTIKA“ (г. Чернивци), кој ја освои публиката со својата професионалност, енергија и искреност.
Д.М.