• Latest

На митинг за локални избори, ветување за прв претседател Албанец, средба меѓу лидерите на опозицијата, на полноќ завршува рокот за пријавување на лица со Ковид-19

October 11, 2021

ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

November 3, 2025
Фото: Украинска амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија продолжува со воздушниот терор против мирните градови, единствениот одговор се – строги санкции, поголема поддршка за Украина

November 3, 2025

Северна Македонија не ги усвои уставните измени, треба да работи на почитувањрто на правото и борбата против корупција, се наведува во Извештајот на Европската комисија

November 3, 2025
Креирано со помош на ВИ

Четири жени избрани за градоначалнички на локалните избори 2025, останува „рекордот“ од дури 6 избрани во 2017

November 3, 2025

ДКСК: Потребно е да се усогласи терминологијата во Изборниот законик за рамноправен пристап до платено политичко рекламирање за сите учесници

November 3, 2025

Според АВМУ, анализираните медиуми генерално известувале неутрално за учесниците во изборите

November 3, 2025

Раст на неважечки ливчиња на локалните избори во Северна Македонија: Тренд што го алармира изборниот систем

November 3, 2025
Фото: Министерство за култура на Украиан/Фејсбук

На Денот на борбата против неказнивоста за злосторства против новинари – 116 убиени, 26 заробени новинари од почетокот на целосната руска инвазија врз Украина

November 3, 2025
Британски Томахавк во лет. Повеќето Томахавки се поморско оружје, но постојат и опции за копно и за воздух. Фото: Кралска морнарица

Трамп „засега“ не размислува за трансфер на ракети Томахавк во Украина

November 3, 2025
Скриншот од видео на
ABC News (Australia)

Британец обвинет за масовниот напад со нож во воз во Англија

November 3, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

На митинг за локални избори, ветување за прв претседател Албанец, средба меѓу лидерите на опозицијата, на полноќ завршува рокот за пријавување на лица со Ковид-19

October 11, 2021 22:33
in ВЕСТИ, ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Останаа помалку од два часа за пријавување за гласање на лицата со КОВИД-19 или кои се во самоизолација. Рокот завршува вечерва (11 октомври) на полноќ. Лидерот на ДУИ, Али Ахмети на партиски митинг за локални избори во Чаир, најави прв претседател на државата Албанец. Актуелниот градоначалник и кандидатот на СДСМ и коалицијата за градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов најави бесплатен јавен градски превоз за сите пензионери и за лицата со ретки болести во Скопје секој ден во неделата.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети на партиски митинг во Чаир, најави рушење на нова барикада, односно прв  претседател на државата Албанец.

„После министер за одбрана Албанец, после министер за надворешни работи Албанец, после Претседател на Собрание Албанец, на следните парламентарни избори последните 100 дена влегуваме со Премиер Албанец. Наредно е претседател на држава да биде Албанец“, истакна Ахмети.

Актуелниот градоначалник и кандидатот на СДСМ и коалицијата за градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов најави бесплатен јавен градски превоз за сите пензионери во Скопје секој ден во неделата, а не само во вторник и петок, со што, како што вели, ќе се запират гужвите во работните денови во градските автобуси за луѓето кои одат на работа или на училиште.

„Овозможуваме бесплатен медицински транспорт за лицата во трето доба и лицата со попреченост до здравствените институции во градот. За поголема самостојност и независно функционирање, обезбедуваме ефикасен, безбеден и бесплатен транспорт за нив, рече Шилегов и најави и бесплатен јавен градски превоз и за лицата со ретки болести“, најави Шилегов.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по средбата со лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, денес во Охрид, истакна дека останува уште малку време за излез од сивилото во кое што се наоѓаат градовите низ цела Македонија.

Очекуваме и сигурни сме во победата на претстојните избори. Од власта го очекувам сето тоа што го гледавме изминативе четири години, многу поткуп, притисоци, закани. Тука ние како ВМРО ДПМНЕ сме обединети дека треба да бидат поразени. Ќе имаме сериозна мобилизација на терен, што повеќе луѓе да излезат да гласаат, затоа што со останување дома ги одобруваме овие погрешни политики изминативе педесет и два месеци“ рече Мицкоски.

Лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, по средбата со Мицкоски истакна дека ќе постигнат добри резултати секаде каде опозицијата конкурира со кандидати во сите општини во државава.

Мислам дека ова е добра работа која се случува, бидејќи опозицијата мора да има мостови за комуникација за да донесе промени. Се работи за локални избори, но од исходот од локалните избори ќе зависат многу други важни работи на централно ниво. Ова е соработка за да ја спречиме стапката на корупција. За жал, стануваме најкоруптивна држава во регионот и во светски размери, рече Села.

Д. Муратов

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ