• Latest

На нас е да препознаеме и да признаеме дека жртви не се сите луѓе, туку девојчињата и жените

February 1, 2021
Скриншот од видео на ВВС

„Ни треба храна, немаме храна“ – очајот ја зафаќа Јамајка по ураганот

November 1, 2025
Скриншот од видеото од  украинската операција насочена кон клучен руски воен цевковод за гориво во Московската област на 31 октомври 2025 година/ HUR на Телеграм

„Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

November 1, 2025
Украина предаде руски воен затвореник обвинет за воени злосторства на Литванија на 31 октомври 2025 година. Фото: Национална полиција на Украина

„Историски преседан“ – Литванија кривично ќе гони руски воен заробеник осомничен за воени злосторства во Украина

November 1, 2025
Скриншот од видео на FRANCE24

Парискиот суд осуди четворица Бугари за сквернавење на Споменикот на холокаустот во операција поврзана со Русија

November 1, 2025
Фото: Berlin Brandenburg airport

Берлинскиот аеродром Бранденбург привремено ги прекина летовите поради забележан сомнителен дрон

November 1, 2025

🎬 Изборен молк: Време за тишина, време за размислување и одлука по сопствен избор

November 1, 2025

Како да пријавите изборни нерегуларности во ЦИВИЛ: Пополнете формулар, преку електронска пошта, телефонски повик или порака

November 1, 2025
Скриншот од видео на CNN-News18

Во Бразил протести против најсмртоносната полициска операција против нарко бандите

November 1, 2025
Жел. станица, Нови Сад (фото извор: Википедија)

Вишиот суд во Белград повторно го потврди обвинението на ВЈО за падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 1, 2025

Центар за аналитика и комуникации на ЦИВИЛ на изборниот ден: Прес конференции во живо и интензивна комуникација со јавноста

November 1, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ МРЕЖА

На нас е да препознаеме и да признаеме дека жртви не се сите луѓе, туку девојчињата и жените

February 1, 2021 13:43
in МРЕЖА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter
-Со реакциите по мрежите и порталите поттикнати од случувањата со Јавна соба, човек останува нем пред бестијалноста на агресивците но и пред молчењето и релативизирањето на „учените„. Тоа само ни кажува колку многу пат треба да изодиме пред да почнеме да го применуваме тоа што папагалски се повторува „едукација за сите“, или популистичката “all lives matter”. Тоа се концепти за еден идеализирачки и совршен свет. Нешто слично ко „нема да бирам помало зло дека е зло, сè додека не се искорени сето зло“, пишува Јана Куновска на својот Фејсбук профил. 

На оние со повисока свест и разбирање е да го поведат патот кон борба за задолжително внесување на сексуалното образование во школите (што порано, тоа подобро), и кон култура на бескомпромисно санкционирање на злоупотребите кои, да не се лажеме, се прават од страна на мажи. Мажи кон мажи, мажи кон жени.
Зошто не е „едукација за сите„ ,туку “едукација само за мажи”? Затоа што не викаме сите болести се важни ај да не приоретизираме лечење на болестите на рак, а ракот прв коси сегде. Затоа што не викаме „сите куќи се важни„ ,ај да имаме противпожарни интервенции за сите, а не посебно за оние кои горат. „Сите коски во телото се важни“, ај да не ја третираме скршената, туку да се однесуваме кон сите со исто ниво на итност.
Насилството врз жените е системски проблем. И нѝ гори под нозе. Нашата статистика според МВР вели дека 94% од сторителите на семејно насилство се мажи и над 90% од сторителите на криминал во државата се мажи (Државен завод за статистика). Па дајте да не се преправаме дека не се жртви девојчињата и жените туку има и понекој женски агресор за ги упростиме нештата, заборавајќи дека едното е континуирано, системски и систематски, а другото инцидентно. Се изначитав сведоштва на Медуза.
Раширеноста и обемот на ваквите трауматски искуства се запрепастувачки. Тие жени и девојки со тоа живеат секој ден, со години. Па кога зборуваме за едукација, кажете ми која “едукација за сите“ е соодветна за возрасен маж кој силува 5 годишно девојче зошто смета дека тоа му припаѓа?! Или за маж кој силува 16 годишно девојче затоа што во неговата (и на неговите сограѓани и сограѓанки) глава таа си го барала?! Мажот кој ја силува жената, и „ѝ се качува кога ќе му се присака„ затоа што “да му даде„ е нејзина брачна должност?
Тие концепти треба да се реформираат во главите на младите момчиња за да знаат дека светот и жените не ѝм припаѓаат ним, тие битисуваат покрај и до/со нив. И со напор тоа може да се постигне со следната генерација на млади момчиња. Одредени возрасни мажи веќе форматирани и уштекани во сексизам и шовинизам (како на УКИМ и МАНУ) не може да се едуцираат и реформираат. Тие ќе си умрат со чувство на себеуважување и entitlement. И така треба да се остават да исчезнат. Таму нема освестување.
На нас е да препознаеме и да признаеме дека жртви не се сите луѓе, туку девојчињата и жените. Синовите се тие кои треба да ги подучуваме, синовите треба да ги сензибилизираме, синовите треба да ги воспитуваме на рамноправност и почит. Дома и во школо. На работа и во социјални групи. Сегде и секогаш. Оти ако не успееме во тоа, и не создадеме вредносен систем во кој едниот пол не постои да му служи на другиот, и по ниту еден основ не е инфериорен, како и во сите претходни примери од историјата „потчинетите„ нема да бараат мирољубив начин и преку дијалог да се справат со агресорите. Туку ќе враќаат на агресија со агресија. Се фаќам понекогаш како ја немам таа привилегија да ја учам ќерка ми како општествено да си ги ужива и бара сите привилегии што и следуваат како човечко битие од сограѓаните и системот, затоа што треба да ја учам на самоодбрана и како да не биде жртва. Бидејќи бидувањето жртва се подразбира.
Сè додека овие феномени системски не почнат се решаваат и патријархатот кој го живееме барем за малку не нѐ олабави и од жените кои го перпетуираат преку “феминистките јадат луѓе и мразат мажи„ или „јас преферирам еманципирани битија пред феминистки“, шовинистите и шовинистките ќе треба да се соочат со фактот дека се токму тоа – шовинисти и шовинистки, а ние ќе продолжиме да создаваме околности во кои девојчињата и жените ќе ги учиме повеќе на она што ѝм следува како рамноправни човечки битија, а помалку на техники на самоодбрана.
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ