Четиристотини и десет тони експлозив се запленети на брод на островот Крит, јавија грчки медиуми. Контејнерите со експлозиви се пронајдени на брод што пловел кон Либија под танзаниско знаме.
Приведени се 11 членови на екипажот.Товарот бил ставен на бродот во турското пристаниште Мерсин.
Полицијата смета дека бродот е на компанијата Андромеда-шипинг што е во сопственост на грчки магнат и пренесувал експлозиви од Турција за Либија.
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.
Одговорноста за редакциското опремување на текстовите (наслов, наднаслов, фотографија, тагови) е на ЦИВИЛ Медиа.