• Latest

На протестите „1 од 5 милиони“ влезот на РТС обоен во „Пинк“ боја

September 8, 2019

Лажната дилема на лажните либерали и прогресивци

July 1, 2025

24 ЧАСА: Лидерски самит ЕУ-Западен Балкан во Скопје; Трамп му порача на Маск да ја затвори продавницата и да се врати дома во Јужна Африка; национализмот ја надвладеа борбата против корупцијата во Србија; растат тензиите меѓу Баку и Москва 

July 1, 2025

Шекеринска: Време е да инвестираме во мирот и стабилноста

July 1, 2025

СДСМ алармира – нема лекови на Онкологија, Клековски смирува: Скапата биолошка терапија ја има на Онкологија, за двата генерички лека што ги немаат дистрибутерите, има соодветна замена

July 1, 2025

Од Голема блокада до Голема Србија

July 1, 2025
Антивладини протести, Белград, 28 јуни 2025 (фото извор: видео во живо, ТВ Информер)

РЕАКЦИИ: Поддршка за студентите во блокада – време е Вучиќ да падне

July 1, 2025
Фотомонтажа; Скриншот од Влада на РСМ

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за работата на владата во текот на првата година?

July 1, 2025

За Кос членството во ЕУ е најдобар начин да се заштити идентитетот, културата и јазикот на Македонците, Мицкоски очекува секаков инженеринг во ЕП

July 1, 2025
Фото: Скринчот од вифро на каналот Астра на Х

Украински дронови „со хируршка прецизност“ нападнаа руска фабрика на 1.300 км оддалеченост, на Крим уништени скапи руски системи за воздушна одбрана 

July 1, 2025

Самит на ЕУ и Западен Балкан: Седумдесет и пет отсто од договорените реформи со земјите од региoнот се или имплементирани или се во тек

July 1, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

На протестите „1 од 5 милиони“ влезот на РТС обоен во „Пинк“ боја

September 8, 2019 14:04
in ВЕСТИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

На редовните саботни протести во Белград на „1 од 5 милиoни“, кои влeгуваат во деветиот месец, граѓаните го обоија влезот на зградата на РТС во розова „Пинк“ боја, порачувајќи со тоа дека српскиот Јавен сервис почнал да „потсетува на една друга телевизија, блиска до владејачкиот режим.“

Како што јави дописникот на МИА од Белград, граѓаните движејќи се на протестната поворка бараа „бојкот“ на престојните избори.

Веќе денеска, Драган Ѓилас, претседател на Партијата за слобода и правда (ССП) во авторскиот текст во Политика оцени дека е неопходен бојкот на изборите затоа што не може да се прифати дека „ненормалноста во која живееме е нешто нормално“.

-Отпор на лудилото во кое живееме. Кога луѓето престануваат да бидат шиканирани поради нивното мислење, кога нема да ги уценуваат, кога Србија ќе може да ги слушне оние што мислат поинаку, тогаш ќе зборуваме за избори, кажа Ѓилас.

Според него, „до тогаш избори во Србија-нема и затоа не можеме да учествуваме во нешто што не постои“.

-Оние кои продолжуваат да не навредуваат и потценуваат, ги потсетувам на стихот на познатата песна кој гласи: Кој не ја слуша бурата, ќе ја слушне олујата. А во Србија, станува мрачно. Ептен, наведе Ѓилас.

Во врска со бојкотот на престојните избори се огласи и поранешниот српски премиер и лидер на Нова старанка (НОВА), Зоран Живковиќ, кој изјави за Блиц дека неговата партија „ќе има кампања за изборните услови“, повикувајќи ги партиите и здруженијата кои веќе се изјаснија за бојкот, да се борат заедно во кампањата за изборни услови, додавајќи дека му се „гади“ од актуелната власт.

-Ова не значи дека нема да се приклучиме на бојкотот во моментот на распишување на изборите, но можеби во наредните неколку месеци може да се стори нешто, да се оди на избори и да се има добар резулт, рече Живковиќ.

Тој кажа дека претседателот Александар Вучиќ не може да се победи бидејќи не се работи за претседателски избори, но „можеме да му направиме на Вучиќ она што му го направивме на (Слободан) Милошевиќ и ова да биде прва фаза од неговото соборување“.

Во врска со претстојните избори денеска се огласија и од власта.

Министерот за внатрешни работи Небојша Стефановиќ, кој ја предводи работната група за соработка со ОБСЕ за изборниот процес, изјави денеска за ТВ Прва дека Србија, како одговорна држава, сака да го подобри изборниот процес, но не сака да експериментира и да го примени она што не постои во светот

-Важно е граѓаните да имаат чиста, транспарентна кампања во која ќе можат да ги остварат своите права, рече Стефановиќ, додавајќи дека е важно на граѓаните да им се обезбедат најдобри услови.

-Сè што можеме да промениме за кратко време, да ги подобриме изборните услови, ние тоа ќе го сториме, рече Стефановиќ.

Тој оцени дека владата сака да има чист и регуларен изборен процес, но некои луѓе не можат да постигнат добар резултат, поради што бараат алиби да не излезат на гласање.

На прашањето дали ќе ги исполни барањата на опозицијата, тој изјави дека во Србија „се разговара за се“.

-Ние сме заинтересирани за подобрување на изборниот процес, повеќе години се занимаваме со тоа, им излегуваме во пресрет на граѓаните, сакаме да имаат подобар изборен процес, рече Стефановиќ.

извор: МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Едногодишен помен

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Дијаспората веќе не е „нерезидент“ – Одлука на Уставен што менува правила

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Сервилност или велемајсторски дипломатски потег – дали Руте последен се смее

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за настапот на претседателката на Самитот на НАТО?

    89 shares
    Share 36 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ