Владата треба да се произнесе и по Предлог – годишниот извештај за учеството на припадници на Армијата и вработените во Министерството за одбрана во хуманитарни операции, меѓународни операции, во НАТО мисии и операции и операции во примената на правото на индивидуална или колективната самоодбрана, како и во операции за кризен менаџмент и кооперативна безбедност надвор од територијата на Република Северна Македонија во 2020 година.
Пред министрите во Владата денеска ќе се најде и информацијата со извештај за преземени активности предвидени во Националната стратегија за развој на концептот за eдно општество и интеркултурализмот и Акцискиот план за спроведување за 2020-2022 година.
Резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) покажуваат дека за еден сантиметар е намален водостојот на Преспанското Езеро, а нивоата на другите две природни езера во земјава се исти како вчера.
Водостојот на Преспанското и Охридското Езеро е понизок од просечниот за овој период од годинава и тоа за 1,5 метри кај Преспанското и за 23 сантиметри кај Охридското, додека кај Дојранското Езеро е за 2,62 метра повисок од повеќегодишниот просек за декември.
Пониски од просечните се и водостоите на сите реки во земјава и кај најголем дел од нив има благо намалување на нивото во однос на вчерашното.












