• Latest

Над 3 милиони денари се издвоени од општинскиот буџет на Тетово за нереализирана изградба

June 18, 2020
Скриншот од видео на newsflare

Единаесет лица загинаа, околу 30 се повредени во пожар во дом за стари лица во Тузла

November 5, 2025
Фото: Wikimedia commons

Најдолго затворање на владата во историјата на САД

November 5, 2025
Фото: Министерство за транспорт

Коридор 8 добива меѓуграничен железнички тунел – Северна Македонија и Бугарија утре го потпишуваат договорот

November 5, 2025

Членките на ЕУ постигнаа прелиминарен договор за климатските цели за 2040 година

November 5, 2025
Фото: Фејсбук страница на Собрание на РСМ

„Имам став!“ Средношколци ги менуваат пратениците – симулација на демократија во Собранието!

November 5, 2025
Илустрација: ЦИВИЛ

ЕК: Северна Македонија продолжи со реформите, но треба да ја финализира и подготовката за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025
Итај Чен, последниот американско-израелски заложник држен во Газа. Фото: Форум за заложници и исчезнати семејства/Whats up

Останките што ги предаде Хамас во вторникот се на Итај Чен, последниот американско-израелски заложник држен во Газа

November 5, 2025
Скриншот од видео на
RTVE Noticias

Стравувајќи од обидите на САД да го отстранат, Мадуро ги повика Венецуелците да кодошат преку апликација

November 5, 2025
Експлозии го осветлуваат небото над рускиот град Орјол за време на пријавениот напад на 5 ноември 2025 година. Фото: Астра/Телеграм

Експлозии во руската област Орјол, жителите тврдат дека е извршен украински ракетен напад, гувернерот вели дека се дронови

November 5, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Најмалку 7 загинати, 11 повредени кога товарен авион на UPS се урна при полетување во Кентаки

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Над 3 милиони денари се издвоени од општинскиот буџет на Тетово за нереализирана изградба

Иако Општина Тетово од буџетот за 2019 година издвои пари за изградба на заштитниот ѕид кај Градска бања во Тетово, проектот досега не е реализиран.

June 18, 2020 13:26
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Иако Општина Тетово од буџетот за 2019 година издвои пари за изградба на заштитниот ѕид кај Градска бања во Тетово, проектот досега не е реализиран. Некои од ѕидовите на оваа локација, претставуваат голем ризик за граѓаните и се речиси пред паѓање. Општинските власти изјавија дека планот за изведба е променет и сепак ќе се изградат каскади, а земјата ќе се копа скалесто, пишува „Порталб.мк“.

Иако поминаа три години од изградбата на патот до бањата во Тетово, истиот сé уште не може да се смета за безбеден за пешачење поради појавата на свлечишта на земјиштето.

Во јули минатата година беше потпишан договор во вкупен износ од 3.227.012,58 денари, а тетовската градоначалничка Теута Арифи тогаш вети дека овој проект ќе биде завршен во рок од 8 месеци. Сепак, помина 1 година и потпорните ѕидови сè уште не се реализирани.

„Реализацијата на овој проект е во согласност со стратегискиот приоритет вклучен во стратегијата за рурален развој на Општина Тетово за периодот 2015-2020 година. Вкупната вредност на проектот изнесува 3.227.012,58 денари со што се очекува да се изгради бетонски заштитен ѕид на патот Тетово – Бања – Шипковица – Бродец, со цел да се заштити брегот на реката и локалниот пат што води кон Бродец. Реализацијата на овој проект ќе овозможи побезбеден сообраќај за сите кои живеат во ова село, но и за сите жители на Тетово кои го користат овој пат за рекреативни цели, бидејќи истиот води кон тетовската Бања“, се вели во Фејсбук објавата на Општина Тетово од 11 јули 2019 година.

На прашањето зошто овој проект не е реализиран, од Општина Тетово денеска ни рекоа дека е изменет планот, затоа што било проценето дека ѕидот може повторно да се оштети.

„Планот за потпорни ѕидови во Градската бања е изменет, затоа што експертите оценија дека истите може повторно да се оштетат. Тие сакаат да направат каскади (водопади), да ја ископаат земјата скалесто“, велат од Општина Тетово.

Покрај тоа, проблем во Градската бања претставува еден потпорен ѕид што е веќе изграден. А, истиот е во многу лоша состојба и е речиси пред паѓање. Иако оваа тема била актуелизирана веќе неколку пати, овој ѕид никогаш не бил среден од општинските власти.

Инаку, пред извесно време неколку граѓански активисти поставија илустрација на две лица, кои го држат потпорниот ѕид за да не пропадне со цел, како што рекоа, „да спречат голема катастрофа“, анимирајќи ја јавноста за овој горлив проблем.

Share35Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    188 shares
    Share 75 Tweet 47
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ