Утрешниот изборен ден, 5 мај, за претседател на државата и градоначалници во Охрид и Ново Сео ќе го набљудуваат вкупно 4250 набљудувачи, од кои 3381 домашни набљудувачи, 809 меѓународни набљудувачи и 60 странски новинари.
ЦИВИЛ -Центар за слобода и за вториот круг ќе го отвори својот Изборен прес центар во 6:00 часот изутрина на 5 мај (недела) во клуб Менада (Стара Чаршија, спроти Универзитетот ЈИЕ). Прес центарот ќе биде отворен до полноќ. Прес конференции со извештаи од набљудувачите на ЦИВИЛ на терен, ќе се организираат во 10, 12:30, 17:30 и 20 часот. ЦИВИЛ ќе одржи уште една кратка прес конференција и панел дискусија во 21 часот. Исто така, граѓанките и граѓаните можат да доставуваат пријави, информации или да поставуваат прашања на онлајн формуларот www.slobodniizbori.info, Фејсбук, по електронска пошта ([email protected]) или да се јават на 02 52 09 176.
Свои прес конференции ќе има и Државанта изборна комисија. Првата прес конференција ќе се одржи во 10:30 каде ќе информира за отворање на гласачите места, текот на гласањето и излезноста. Следните се во 13:30, 15:30 и 17:30 часот. На предпоследната прес конференција во 19 часот ДИК ќе излезе со информации за излезноста до 18:30 часот, текот на гласањето и информација за техниката на пренос на резултати. Денеска ДИК одржа прес конференција во 12 часот, а се очекува уште една во 20 часот.
Асоцијајцијата МОСТ сите информации од нивното набљудувањето на гласањето на денот на вториот круг на изборите ќе ги соопштат на пет прес-конференции, кои ќе се одржат во 9, 11, 14, 17 и 19 часот.
ОБСЕ/ОДИХР прелиминарните информации од вториот круг на гласањето ќе ги соопштат во понеделник, во 14:00 часот, во Хилтон хотелот во Скопје.