• Latest

Најмалку 12 загинати при напади на меѓународната коалиција во Сирија

May 24, 2018

Големи промени во врвот на оружените сили на Украина

July 22, 2026

Франција прва во ЕУ воведува забрана за социјални мрежи за лица под 15 години

July 22, 2026
Фотографија: ЦИВИЛ Медиа

Последици од невремето во Македонија: Повредени граѓани, илјадници повици за помош и големи материјални штети

July 22, 2026
Фото: Укринформ

Протести и кадровски потреси во Украина: Зеленски назначи нов врховен командант

July 22, 2026

БЕЛЕШКИ ОД УКРАИНА: Во окото на ураганот

July 21, 2026

Ревизија на Агенцијата за нафтени резерви: Незаконско трошење, невратен мазут и институционални слабости

July 21, 2026
Фото: МИА

Трамп воведува царини од 50% за канадски производи: Нова ескалација на трговската војна меѓу САД и Канада

July 21, 2026

Обвинителството отвори истрага: Тројца од „Комуналец“ осомничени за загадувањето на водата во Гостивар

July 21, 2026

Воздушните тревоги ги бојат интерактивните мапи на Украина во црвено – рускиот терор продолжува

July 20, 2026
Фото: Влада РСМ

СДСМ бара кривична одговорност за Клековски за епидемијата во Гостивар, Владата порачува дека нема да има селективност

July 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Најмалку 12 загинати при напади на меѓународната коалиција во Сирија

May 24, 2018 11:35
in СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Најмалку 12 борци на сирсиките провладини сили загинаа минатата ноќ при воздушни напади на меѓународната антиџихадистичка коалиција во источниот дел на Сирија, соопшти денеска Сирискиот центар за мониторинг на човековите права.

Според Центарот, чие седиште е во Лондон, бомбардирањата биле извршени јужно од градот Албу Камал, подрачје кое претходно во неколку наврати беше цел на напади на џихадистичката група Исламска држава (ИД).

Во соопштението на Центарот се нагласува дека загинатите борци не биле Сиријци, но не се посочува нивната националност.

Претходно, сириските државни медиуми јавија дека авиони на меѓународната антиџихадистичка коалиција предводена од САД, рано изутринава нападнале неколку позиции на армијата на Сирија во источниот дел на земјата.

Според сириски воен претставник, цел на воздушните напади биле армиски позиции меѓу градовите Албу Камал и Хмејмех.

Истиот извор информира дека при нападите нема човечки жртви, туку била предизвикана само „материјална штета“.

Претставници на Централната команда на Вооружените сили на САД и на Пентагон, од своја страна, изјавија дека немат информации за такви напади.

Албу Камал и Хмејмех се наоѓаат во сириската источна провинција Дејр аз-Зур, каде владините сили, поддржани од Русија, и бунтовничките групи, поддржани од меѓународната коалиција, водат одвоени борби со остатоците на ИД.

На страната на властите во Дамаск, покрај сириската армија, се борат и разни паравоени групи, припадници на либанското шиитско движење Хезболах, како и ирански војници. (MИА)

Tags: воздушни нападиИДСирија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ