• Latest

Најрелевантните информации, анализи, препораки и прогнози за изборите на конференцијата „Какви избори – таква иднина“

April 10, 2019
Фото: Фејсбук на Арбен Травари

Таравари си замина од владата на Мицкоски без испиено „сиктер кафе“

May 13, 2025

Денес: Вестминистерскиот сојуз за Украина се состанува во Лондон и онлајн за да ги зајакне демократското единство и поддршката за Украина

May 13, 2025

АНАЛИЗА: Внатрешниот долг за три месеци зголемен за 25,5 милиони евра

May 13, 2025
Фотомонтажа: Д. Мишев/ЦивилМедиа

Влатко Ѓорчев сега не го интересира изгор цената на црешите, важно краставиците да се евтини

May 13, 2025

Полска ќе му забрани влез на Додик

May 13, 2025

Нема да има реконструкција на Владата, ќе има само смена на министри

May 13, 2025

Јасна осуда на руската инвазија и дијалогот со Косово се клучни за европскиот пат на Србија, рече Кошта

May 13, 2025
Проф. д-р Љубомир Фрчкоски

(ДЕМАНТ) Фрчкоски: Срамен притисок врз критичарите на власта

May 13, 2025

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за излегувањето на Таравари од владата?

May 13, 2025
Фото: Скриншот Х

(ВИДЕО) Израел бомбардираше болница во Газа, „Хамас“ тврди дека меѓу убиените паценти е и новинарот Хасан Аслих

May 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Најрелевантните информации, анализи, препораки и прогнози за изборите на конференцијата „Какви избори – таква иднина“

April 10, 2019 16:57
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Говорничките и говорниците на конференцијата „Какви избори – таква иднина“ што ја организираше ЦИВИЛ, се меѓу најрелевантните луѓе во земјава кога се работи за изборните процеси. Конференцијата на која присуствуваа голем број новинарски екипи, претставници на меѓународната заедница и на државните институции, како и невладини организации и експерти, беше одлична можност јавноста да се запознае со детали од изборниот мониторинг, како и со анализите и препораките за претстојните претседателски избори. Конференцијата е дел од проектот „Слободни граѓанки и граѓани за слободно општество“, поддржан од Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија.

За различни аспекти на изборниот процес говореа: претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала, претседателот на ДИК, Оливер Деркоски, претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска, заменик министерот за администрација, Александар Бајдевски, државниот советник при Народниот правобранител, Зоран Билбиловски, уредникот на „Слободен печат“, Бранко Героски, политичкиот аналитичар, Сашо Орданоски, претседателката на Инклузива, Благица Димитровска, како и Ангела Петровска, Маја Ивановска и Дехран Муратов од Цивил. Модераторка на конференцијата беше Биљана Јордановска од ЦИВИЛ.

Конференција „Какви избори – таква иднина“, модераторка: Биљана Јордановска, ЦИВИЛ

Конференцијата ја отвори претседателот на Цивил – Центар за слобода, Џабир Дерала. Тој се осврна на бројните нерегуларности во изборните процеси и улогата на ЦИВИЛ во наљудувањето на изборните процеси.

Џабир Дерала, ЦИВИЛ

 

„Неспорно е дека се наоѓаме во деликатен политички момент. Нашата организација се наоѓа во фаза кога секојдневно добиваме информации и извештаи од граѓанските новинарки и новинари, набљудувачите, граѓанките и граѓаните, од невладини организации, кои се јавуваат во ЦИВИЛ. Се разбира, и нашиот тим е постојано некаде на терен. На нашата мапа се наоѓаат сите населени места, без оглед на тоа дали се работи за град или село, поголемо или помало населено место.

Нема потреба да се оди на митинзите затоа што сите се буквално цело време на Фејсбук. Во живо се емитуваат настаните, во живо се случуваат коментарите и доволно е нашите набљудувачи да бидат пред компјутер или на телефон, за да следат сѐ што се случува. Се разбира, ние постојано ќе бидеме на терен и будно ќе ги детектираме сите неправилности што камерите не ги забележуваат, а тоа е најважно.

Ќе ги набројам главните наоди на ЦИВИЛ од досегашното набљудување. ЦИВИЛ нотира дека изборната кампања е одамна и предвремено започната. Политичките партии ги користат сите можни начини за да ја бајпасираат регулативата и да допрат до гласачите, користејќи се со големиот број недостатоци во Изборниот законик кој е преполн со дупки, како швајцарско сирење.

Загрижува тоа што политичките партии сѐ уште не научија да го почитуваат гласачот и дејствуваат спротивно на демократските стандарди.

Највидлив е говорот на омразата, кој и во овие избори е во арсеналот на оружјата на политичките структури во обидот да освојат политички поени или да го дисквалификува политичкиот противник.

Говорот на омраза е очигледно планиран и се одвива во фази и се заснова на етничка, верска и антимигрантска хистерија, а не изостануваат и лични дисквалификации на кандидатите“, кажа, меѓу другото, Џабир Дерала на конференцијата „Какви избори – таква иднина“.

Претседателот на Државната Изборна Комисија Оливер Деркоски укажа на потребата за нов текст и измени во изборниот законик.

Оливер Деркоски, Претседател на ДИК

„Итно е потребен нов изборен законик, по изборите, ние како комисија, ќе ги потсетиме сите кои треба да се вклучат во процесот и ќе понудиме предлози за добар законски текст. ДИК ќе направи сѐ за изборниот процес да биде добро организиран, да се спроведе во согласност со законот, а ќе настојуваме, со меѓународните партнери и набљудувачи, да наметнеме ситуација на засилен мониторинг за изборите да добијат позитивна оцена“, изјави Деркоски.

Претседателката на Државната комисија за спречување на корупција Билјана Ивановска информираше за законските ограничувања во употребата на државните ресурси и јавните финансии за време на изборите, за мерките кои ги презема ДКСК, како и за можноста секој граѓанин да пријави сомнеж за прекршување на правилата преку формуларот на интернет страницата на ДКСК.

„Од распишувањето до завршувањето на изборниот процес, не може да се почнуваат нови објекти во инфраструктурата или објекти за општествени дејности, како школи и градинки, со пари од буџетот и јавните фондови, или со средства од правни субјекти кои што располагаат со пари од буџетот…“, изјави Ивановска.

Александар Бајдевски, Заменик министер за информатичко општество и администрација, се осврна на мерките кои ги преземаат и реорганизацијата на јавната администрација за да се подобри квалитетот на услугите.

Александар Бајдевски, Заменик министер за информатичко општество и администрација

„Правиме професионална раководна служба, затоа што притисоците најчесто доаѓаат од раководните структури, подготвуваме закон со нови стандарди за избор на раководни позиции. Евалуацијата ќе ја спроведуваат експерти во соодветната област, а собранието ќе избере комисија по ист принцип како за ДКСК“, соопшти Бајдевски.

Државниот советник при Народниот Правобранител Зоран Билбилоски најави дека со големо внимание ќе ги следат овие избори.

Зоран Билбилоски, Државен советник при Народниот Правобранител

„Најмногу забелешки има од лицата кои во изборниот период обновуваат или вадат лични карти. Ниту едно од тие лица не може да си го оствари своето гласачко право, бидејќи се бришат од Избирачкиот список. Загрозено е правото на глас на лицата кои издржуваат казна затвор или притвор, од кои голем процент немаат лични карти и се избришани од Избирачкиот список“ – рече Билбилоски.

Бранко Героски, Плусинфо, Слободен печат

Уредникот на Слободен Печат, Бранко Геровски се осврна на улогата на медиумите во текот на изборните процеси: „Следните неколку изборни циклуси (какви – такви), ќе се одржуваат во клучен период, во кој Македонија треба да ги почне преговорите со ЕУ и во кој мислам дека Македонија ќе почне со реформи под притисок на преговарачкиот процес. Најважно е на овие избори да дојде до редуцирање на конфликтноста, и поради тоа одлучивме да ги редуцираме пораките на сите кандидати, но и да обезбедиме рамноправен третман при претставувањето и при рекламирањето. Од тој аспект сме ногу посветени, а се надевам дека и другите наши колеги ќе бидат. Имаме нови интересни форми на водење кампања, имаме малку повеќе забава, се трудиме да го наметнеме мислењето дека забавата е составен дел на овој циркус кој се нарекува избори, а не да служи за изливи на злоба. Сѐ се тоа нови феномени, на кои гледаме беневолентно“, изјави Героски.

Политичкиот аналитичар и експерт Сашо Орданоски го анализиаше претстојниот изборен процес и евентуалните исходи од повеќе аспекти, со својот карактеристичен стил и начин на мислење.

Сашо Орданоски

„Морам да говорам за слонот во продавницата за кристал. Героски е во право, Македонија и во овие избори влегува со голема доза на конфликтност. И тоа не е ситуација само кај нас. Ако ги погледнеме и Нетанјаху, и Трамп, и Ердоган, целиот свет е доведен на работ на нервите. Влоговите во политиката се огромни, секаде во светот политиката е победникот добива сѐ, а тој што ќе изгуби, не добива ништо. Во овие избори, сепак, имаме две страни, кои со малку поинакви влогови влегуваат во изборниот процес. На една страна е власта, која и кога би ги изгубила изборите, ништо во нејзината структура не би се променило, а веројатно и лидерот Заев не би ја изгубил својата позиција. Одењето или неодењето на такви предвремени парламентарни избори би било одлука која би ја донела партијата без оглед на тоа што би се случило со претседателските.

Друга е ситуацијата со опозицијата. Де факто, тоа е ситуација во која претседателот Мицкоски не ја контролира партијата, не ја контролира целата пратеничка група, каде што многумина се засегнати со случаи кои ги води СЈО и на кои судбината им зависи од реформите на правосудството. До денес, не постои истражување на јавното мислење во кое опозицијата победува на изборите. Дури и на последното истражување од „Република“ што важи за блиска на опозицијата, Пендаровски води со 2 отсто. Доколку продолжи оваа инерција, ќе се соочиме со ситуација кога опозицијата ќе треба да реши што во вториот круг, бидејќи уште во првиот ќе се соочи со цифри кои нема да им се допаднат. Од друга страна, ова што се случува во минатите 10-15 години со анкетите, има неверојатно висока цифра луѓе кои лажат на анкети, некаде 20 отсто.

Веројатно, првиот круг ќе заврши со разлика од најмалку 30.000, а можеби и до 100.000 гласа, во корист на Пендаровски. Дилемата ќе биде што ќе стори опозицијата, дали ќе гласа на вториот круг и ќе ги легитимира изборите, што ќе биде многу доблесно, или ќе одлучи да си ја спасува кожата и да игра во интерес на оној што седи во Будимпешта. Ако ме прашувате мене, јас мислам дека ќе си ја спасува кожата. Дали ќе бидат тоа помали инциденти, или ќе биде тоа бојкот, со што ќе биде тешко да се постигне цензусот. Тоа значи дека Македонија веднаш влегува во криза, и ќе треба да видиме како ќе се однесува меѓународната заедница, за која јас не верувам дека ќе се вмеша во санирање на состојбата. Тоа ќе биде криза од која ќе треба да се излегува со преговори.

Маневарскиот простор не е мал, се водат преговори за СЈО, се дискутира дали Иванов има право да помилува… Ќе направиме голема штета врз правната држава, тоа двојно ќе ни се одрази врз преговорите со ЕУ и, ем ќе имаме оштетени избори, ем ќе немаме правна држава, затоа што тоа се преговори кои не можат да завршат никако поинаку освен со отстапки направени од прагматични причини. Му препорачувам на Деркоски да почнат да си прават сценарија, што по првиот круг. Мојата прогноза е дека работите не одат во правец на успешно завршување на изборите, освен ако опозицијата не успее да се надмине себеси, доколку странскиот фактор не настојува, во што не верувам. Инаку, одиме кон политичка криза за која што ќе видиме како ќе ја разрешуваме. Затоа е исклучително важно што институциите функционираат добро, затоа што тие се рбетот на секој политички систем“, изјави Орданоски.

Благица Димитровска од Инклузива говореше за проблемите со коишто се уште се соочуваат лицата со попреченост, кога станува збор за изборните процеси.

Благица Димитровска, Инклузива

„Немаме ниту еден пратеник, лице со попреченост. Ги прашувам партиите, какви услови нудат за овие луѓе, затоа што нема демократија, додека не им се овозможат правата на овие луѓе… Има во Изборниот законик право да се гласа во домашни услови, но тоа не е право, тоа е ограничување. Местото им е да гласаат таму каде што треба. Две години по ред подготвуваме сликовити прикази на правилата за гласање. По подготовката од наша страна, сега обврската си ја презема ДИК. Лицата со попреченост изгубија доверба во политичките партии и не можат да го остварат своето право на глас. Затоа, апелирам, не носете по скратена постапка закони кои ги засегаат лицата со попреченост“, рече Димитровска.

Ангела Петровска од ЦИВИЛ, исто така, се осврна на правата на лицата со попреченост, а фокусот на своето излагање го насочи на злоупотребата на децата во изборни кампањи и за политички цели.

Ангела Петровска, ЦИВИЛ

„Политичките партии треба да ги заштитат децата а не да ги користат за политички цели во изборни кампањи“, изјави, меѓу другото, Петровска.

Маја Ивановска од  ЦИВИЛ посочи на говорот на омразата, лажните вести и црната кампања што се води и на овие избори.

Маја Ивановска, ЦИВИЛ

„Мислам дека е време, конечно, политичарите во Македонија да се освестат и да почнат да работат како што треба. За време на локалните избори, 2017 година, 14 општини потпишаа согласност за референдум за наводно градење на мигранстски кампови. Тие 14 општини беа подготвени да потрошат куп пари за нешто што немаше и онака да се реализира. И ЦИВИЛ го констатира истото, дека е време да престанат лажните вести, да престане раздорот“, изјави Ивановска.

Дехран Муратов од ЦИВИЛ говореше за злоупотребата на јавните ресурси во изборните процеси.

Дехран Муратов, ЦИВИЛ

„Интересно е дека сега, некако, се активираа багери и булдожери, постојано нешто се гради, се полнат дупки, посебно каде што живеат Роми. Министрите и директорите се тоа само во работно време, а потоа се однесуваат како слободни граѓани и ветуваат сѐ и сешто на граѓаните“, посочи Муратов.

Игор К. Илиевски

Фотографии: тимот на ЦИВИЛ

Камера: Трпе Стојковски

 

 

 

 

 

 

Print Friendly, PDF & Email
Share48Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ