• Latest

Најцрна година на патиштата, за шест месеци 70 жртви

August 25, 2019
„Жолто копче“ дигитално здравство
Фотографија/ Министерство за здравство

МЗ: Северна Македонија меѓу првите држави со европски стандард во дигиталното здравство – „Жолто копче“

July 5, 2025

Дојава за бомба во косовскиот парламент, евакуирани пратениците

July 5, 2025
Ванг Ји, министер за надворешни работи на Кина во Брисел
Фото/ скриншот од видео на ЦНА

Кина е подготвена да ги координира мировните напори за Украина со Франција, изјави кинескиот министер за надворешни работи

July 5, 2025
Фото: Твитер

Украинските воздушни одбранбени сили неутрализираа 292 од 322 руски дронови преку ноќ

July 5, 2025

Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

July 5, 2025

Прекината мерката притвор за Додик, според судот на БиХ веќе не претставува опасност по уставниот поредок

July 5, 2025
23 dead and more tha 25 children missing in Texas flood
Photo> screenshot Sky Tv

Поплави во Тексас: 24 мртви и до 25 деца исчезнати откако летен камп беше однесен од поплавите

July 5, 2025

One Stop систем за побрз проток и помалку чекање на граѓаните на ГП Табановце-Прешево

July 5, 2025
Бебиња умираат од глад во Газа
Фотографија/ скриншот од видео на ИТВ

Лекарите во Газа предупредуваат дека бебињата се пред умирање поради недостаток на млечна формула, „Бебињата се коска и кожа“, велат тие

July 5, 2025
Протестни блокади Србија, Земун
Фотографија/ Н1

Шести ден од блокадата: Најавени се нови прекини во сообраќајот, „слободна зона“ во центарот на Земун

July 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Најцрна година на патиштата, за шест месеци 70 жртви

Најчести фактори за случување на сообраќајните незгоди со потешки последици за 2018 година, според СВР Скопје, се брзо возење, непочитување на првенство на минување, управување под дејство на алкохол, не држење страна и правец на движење, непрописно движење и свртување и грешка на пешаци.

August 25, 2019 09:50
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Во првите шест месеци од 2019 година во сообраќајни незгоди на патиштата во државата загинале 70 лица.  Во 2018 година, според податоците од СВР Скопје, вкупниот број жртви во сообраќајни несреќи е 118. За Форумот за граѓански активизам, 2019 година за Република Северна Македонија е најцрна година на патиштата и потребни се итни системски промени.

Статистичките податоци го покажуваат, a тоа и со сигурност може да се консатитира, велат од Форумот, дека 2019 година е најцрна година на патиштата во државата споредувајќи ги последните 20 години.

– Само на пример за споредба, во првите шест месеци од 2019 година има зголемување на бројот на жртви во сообраќајни незгоди за 20 проценти во споредба со 2018 година, a во споредба со 2017 година оваа бројка е зголемена за 25 проценти, појаснуваат од Форумот за граѓански активизам.

Оттаму посочуваат дека постојат само декларативни заложби, но намален интизитет на активности и реформи и никакви суштински и системски промени. – Северна Македонија нема институционален капацитет за да се справи со безбедноста на сообраќајот. Ова се согледува преку секојдневно следење на фрапатните статистички податоци за сообраќајните незгоди во 2019 година, оценува Форумот.

Од таму потсетуваат дека Европската комисија во јуни оваа година објави стратешки документ со кој преку индикатори ќе се следи состојбата на безбедноста на патиштата во земјите членки на Унијата. Во таа насока документот предвидува намалување на бројот на жртви во сообраќајни за 50 проценти до 2030 година .

– Институционалните промени треба да бидат координирани, а пред се насочени кон реформа и зајакнување на легислативата од страна на Министерството за внатрешни работи, вложување во инфраструктура и изградба на модерни патишта од страна на Министерството за транспорт и врски, побрз одговор при случена сообраќајна незгода од страна на Министерството за здравство и конечно формирање на водечко тело за подигнување на безбедноста на патиштата кое треба да биде грижа на Владата на Република Северна Македонија, повикуваат од Форумот за граѓански активизам

Во 2018 година во Македонија 118 загинати во сообраќајки

Во Република Северна Македонија во 2018 година, според податоците од СВР Скопје, вкупниот број жртви во сообраќајни несреќи изнесува 118. Најголем број од жртвите биле во Скопје 32, Штип 19, Тетово 15, Битола 18, Охрид 12, Струмица 11, Куманово седум 7 и Велес четири жртви.

Најчести фактори за случување на сообраќајните незгоди со потешки последици за 2018 година, според СВР Скопје, се брзо возење, непочитување на првенство на минување, управување под дејство на алкохол, не држење страна и правец на движење, непрописно движење и свртување и грешка на пешаци.

Брзината критичен и клучен фактор за сообраќајките

Главен акцент во активностите на РСБСП во рамки на Летна кампања – 2019, со цел едукација на учесниците во сообраќајот и подигање на свеста за одговорно учество во сообраќајот беше влијанието на брзото возење, алкохолот, заморот и високите температури на безбедноста во сообраќајот и на способноста за управување на моторно возило.

– Брзината е критичен и клучен фактор во сите сообраќајни незгоди и може да се каже дека токму од брзината зависи дали ќе се случи одредена сообраќајна незгода и какви ќе бидат последиците од сообраќајната незгода, сметаат од РСБСП.

Според статистичките податоци брзото возење, односно неодговорното однесување во сообраќајот и понатаму останува главна причина за предизвикување на сообраќајни незгоди со фатални последици. Во 2018 година, во Република Северна Македонија, 43 лица го загубиле животот во сообраќајни незгоди предизвикани од брзо возење, а 1.069 лице се здобиле со тешки и сериозни повреди како последица на брзото возење.

Истражувањата покажуваат дека 86 проценти од возачите во Република Северна  Македонија барем еднаш ги имаат прекршено правилата за ограничување на брзината,  а 20 проценти од нив, тоа го прават често.

РСБСП со апел до возачите: „Намалете ја брзината, возете смирено и безбедно.  Почитувајте ги правилата за ограничување на брзината и уживајте во патувањето“.

Индикаторот на смртност го надминува просекот на ЕУ за 16 проценти, наведено е на веб страницата на РСБСП.

Според РСБСП, во периодот од 2009 до 2014 година, во ЕУ имало намалување на бројот на загинати на патиштата во просек за 36 проценти, додека во земјава, намалување на бројот на загинатите е нешто пониско и изнесува 32 проценти.

Втора национална стратегија за унапредување на безбедноста на сообраќајот на патиштата 2015 – 2020

Целта на Втората национална стратегија за безбедност на сообраќајот на патиштата 2015-2020 е бројот на жртви во сообраќајните незгоди до 2020 година да се намали до просекот на бројот на жртви вo државите членки на Европската Унија.

Бројот на жртви – млади возачи да се намали за 30 проценти, бројот на сериозно повредени да се намали за 40 проценти, а бројот на деца – жртви во сообраќајот да се намали на нула.

Според РСБСП, амбиција на нашата држава е прогнозите во текот на оваа деценија да се движат кон подобрување кое ќе биде најмалку на европското просечното ниво. Во согласност со европската цел, бројот на загинатите треба да се намали од сегашниот број од 75 загинати лица на еден милион жител, на 49 загинати лица на еден милион жители во 2020 година.

Во своето дејствување, РСБСП посебно се залага за подобрување на безбедноста на најранливите групи на учесници во сообраќајот – пешаци, велосипедисти, мотоциклисти и млади возачи, поради што реализира бројни кампањи. Значајни се заложбите на РСБСП во насока на подобрување на сообраќајната едукација на децата во сообраќајот преку организирање на сообраќајно воспитни манифестации како што се „Детски семафор“, „Сообраќајно техничка култура на младите“, „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ и други.

Во фатални сообраќајки на патиштата низ ЕУ околу 25 илјади жртви

Според податоците на Евростат. во сообраќајни несреќи на патиштата низ ЕУ во 2017 година имало околу 25 илјади жртви, што значи 50 фатални сообраќајки на еден милион жители.

Речиси половина или околу 46 проценти од вкупниот број жртви во сообраќајки во ЕУ во 2017 година се со автомобили, односно 23 смртни случаи на еден милион жители, потоа пешаците се 21 процент, моторџиите 15 и велосипедистите осум отсто. Жртви во други форми на сообраќајни несреќи на патиштата се 10 проценти.

Највисок процент на жртви-пешаци во сообраќајни несреќи за истата година имало во Романија, 37 загинати на еден милион жители, а најмалку во Данска само тројца.

Грција е на првото место во однос на жртви во сообраќај со мотори во 2017 година и тоа 20 на еден милион жители, додека во Бугарија и Естонија за во 2016 година бројот на жртви со мотори е нула.

Податоците на Евростат покажуваат дека согласно бројот на жртви велосипедисти во сообраќајот, на прво место е Романија со 10 загинати на еден милиони жители, а нула жртви во 2016 година имале Кипар и Луксембург .

Разликите меѓу државите – членки на ЕУ за бројот на загинати при сообраќајни несреќи варираат од 30 смртни случаи на милион жители во Велика Британија и Шветска, до над 90 во Бугарија и Романија.

Коефициентот на смртност при несреќи на патиштата, објави Евростат, покажува доста видлива разлика во ЕУ меѓу земјите со ниски и средни приходи, од една страна и државите со високи приходи од друга страна. Позитивните резултати секако се во полза на побогатите земји, во кои има помалку инциденти со фатален крај.

Бугарија прва во ЕУ според жртвите во сообраќајки со лесни возила

Од земјите членки на ЕУ, Бугарија е на прво со 64 жртви во сообраќајни несреќи со лесни возила на еден милион жители, што е за речиси шест пати повеќе од 11-те проценти во Малта. која е последно рангирана во 2016 година.

Во Бугарија загинале 456 лица во сообраќајки со автомобили, со автобуси пет, со велосипеди 35 лица, додека бројот на загинати пешаци е 118.

Како што објави бугарската БТА, информациите од МВР покажуваат дека најтешките сообраќајни несреќи се должат на навлегување од некаква причина во лента на спротивното движење, неправилно претекнување, расеаност, но и дремка. За периодот од 2011 до 2017 година податоците од бугарското МВР покажуваат дека во сообраќајки загинале 910 лица, а повредени се 6.995, од кои во најголем дел од настраданите немаат никаква вина за несреќата.

Црната статистика за сообраќајните несреќи со фатален крај за првите шест месеци од оваа година во Бугарија покажуваат дека има 2.524 загинати и 3.653 повредени во близу три илјади патно-транспортни несреќи. Тоа значи, по околу 250 несреќи секој месец и 42 загинати месечно во просек при автомобилски несреќи.

извор: МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share48Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • 24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Едногодишен помен

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ