Државната изборна комисија денеска на својата прва прес конференција соопшти дека сите 32 избирачки места во дипломатско конзуларните претставништва се отворени на време, а право на глас имаат 1.781 гласач. Излезноста до 10 часот, е 7,71 проценти.
Според информациите на ДИК, највисока излезност има во Сараево со 25%, во Брисел со 16,33% и во Прага со 14, 58%.
Утре право на глас имаат 1 808 131 запишани гласачи во Избирачкиот список, а потребна излезност за успешно спроведени избори е 723 253 гласачи.
Државната изборна комисија Избирачкиот список за овие избори го заклучи со 1 808 131 запишан граѓанин со право на глас.
Оттаму, за изборите да завршат со избор на нов „станар на Вила Водно“ до 19 часот кога се затвораат гласачките места треба да гласаат 723 253 гласачи.
Мандатот на сегашниот претседател на државата, Ѓорѓе Иванов, истекува на 12 мај. Доколку нема цензус улогата на претседател, до распишување на нови избори ја презема претседателот на Собранието, Талат Џафери.