• Latest

Напнато во Нови Сад: Граѓани и членови на СНС истовремено протестираа, полициски интервенции до двете групи

May 19, 2025

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025

Данска планира да воведе минимална возраст за користење социјални мрежи

November 7, 2025
Кривичен суд - Скопје

Притвор за четири лица осомничени за поткуп во врска со ИПАРД програмата

November 7, 2025
Фридрих Мерц (фото извор: Wikimedia)

Мерц најави милијарди за фондот за тропските шуми на КОП30

November 7, 2025

Извештај за проширување: Што е следно за земјите кандидати за членство во ЕУ

November 7, 2025
Фото: Скриншот

Собранието констатира нови мандати за тројца пратеници

November 7, 2025
Zohran Mamdani
Source> Wikimedia commons

Мамдани со поддршка од двајца милијардери – наспроти десетици зад Куомо

November 7, 2025
Фото: wikimedia commons

Ништо од бизнисот: Ганвор Груп ја повлекува понудата за подружниците на Лукоил откако САД ја нарече компанијата „руска марионета“

November 7, 2025
Скриншот од видео на Canal 26

Кремљ ги вклучува окупираните делови од Украина во рускиот Јужен воен округ, во услови на обновен мобилизациски притисок

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Напнато во Нови Сад: Граѓани и членови на СНС истовремено протестираа, полициски интервенции до двете групи

May 19, 2025 09:28
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Полициски кордон речиси во текот на целиот ден и ноќ ги одвојуваше поддржувачите на владејачката Српска напредна партија (СНС) и група граѓани кои се собраа пред партиските штандови  во Нови Сад во недела, на 18 мај, пишуваат регионалните медиуми.

Собирот пред седиштето на партијата на српскиот претседател Александар Вучиќ во Нови Сад започна во текот на денот и заврши доцна по полноќ.

Групи граѓани почнаа да доаѓаат пред просториите на СНС во моменти додека членови партијата делеа пропаганден материјал на штандовите.

За време на неколкучасовниот собир, имаше неколку вербални судири и фрлање јајца од двете страни. Во еден момент, полицијата интервенираше против членовите на Српската напредна партија кога тие почнаа да фрлаат јајца и пластични шишиња кон граѓаните.

Меѓу активистите на СНС беа присутни локални функционери и директори на комунални претпријатија, додека од другата страна на полицискиот коридор имаше активисти и советници на опозицијата.

И едните и другите, истовремено пуштаа своја музика од озвучувањето.

По полноќ, собраните граѓани тивко им оддадоа почит на жртвите од падот на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад, додека членовите на СНС во тој период пуштаа музика од просториите на партијата.

Градоначалникот на Нови Сад, Жарко Миќин, на својот Инстаграм профил објави дека „остро ги осудува срамните настани пред просториите на Српската напредна партија на Булеварот на ослободувањето во Нови Сад“ и „апелираше до сите да се воздржат од насилство и со своите постапки да придонесат за зачувување на редот и мирот“.

„Наместо политичка борба со аргументи и демократски дијалог, сведоци сме на обиди за заплашување, провокации и срамно однесување на опозициските активисти, што кулминираше со попречување на мирен собир на нашите активисти, вербални конфликти, па дури и фрлање јајца“, објави Миќин.

Станува збор за просториите на Српската напредна партија, од каде што, ноќта помеѓу 27 и 28 јануари, членови на СНС излегоа и претепаа група студенти, а на една студентка ѝ ја скршија вилицата со бејзбол палка.

По тој напад, тогашниот премиер на Република Србија, Милош Вучевиќ, и градоначалникот на Нови Сад, Милан Ѓуриќ, поднесоа оставки.

Исто така, просториите на СНС се наоѓаат на Булеварот на ослободувањето, недалеку од железничката станица каде што падна бетонска настрешница на 1 ноември 2024 година, при што загинаа 16 лица.

Д. Т. 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ