• Latest

Напредок во процесот на пристапување сега е стратешки интерес на ЕУ и регионот

May 10, 2022
Фото: Скриншот од видео на Real News

Рускиот министер за транспорт се самоубил откако Путин го разрешил 

July 7, 2025
Фото: Фејсбук на Азир Алиу

Алиу, еден месец министер за здравство: Граѓаните пријавиле мито, непружање здравствена услуга, игнорирање пациент

July 7, 2025
Украински дронови погодиле руска хемиска фабрика во близина на Москва. Фото: Астра/ Телеграм

Украински дронови погодиле руска хемиска фабрика во близина на Москва, нападната и големата рафинерија во рускиот Краснодарски крај

July 7, 2025
Фото: ЦУК

Прва човечка жртва во пожарот кај „Лепенец“ во Ѓорче Петров

July 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на CBS Morning News

ДеСантис брза да отвори центар за притвор на имигранти во мочуриште сред сезона на урагани

July 7, 2025
Босански бегалци од Сребреничката енклава во камиони на УН

30 години од геноцидот во Сребреница и ризикот од понатамошни злосторства сега

July 7, 2025
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ

Локалните избори ќе се распишат во првата половина на август, нема најава за измените во Изборниот законик

July 7, 2025
Фотографија: МИА

Четиристотини невработени лица ќе бидат ангажирани за превенција и справување со пожари

July 7, 2025
Фото: МИА

(ИЗБОР) Албански медиуми: Опозицијата во Косово не прифаќа ниту тајно гласање, ниту по 43-ти пат не успеа конституцијата на собранието; Ќе се изградат два моста на реката Ибар, Српска листа со петиција против, ЕУ бара инклузивност во процесот на изградбата

July 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на CLRCUT

Германија започнува воена реконструкција – нарачува 600 тенкови „леопард“ и 1.000 оклопни транспортери „боксер“

July 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Напредок во процесот на пристапување сега е стратешки интерес на ЕУ и регионот

May 10, 2022 09:09
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Напредок во процесот на пристапување сега со отворање на пристапните преговори со Скопје е стратешки интерес на ЕУ и регионот. Членството на Северна Македонија во Унијата ќе донесе поголема сигурност и стабилност на Балканот и во Европа, порачаа членки на ЕУ и САД. И Скопје е на став дека сега е вистински момент Европа да го направи потребниот чекор со политичка одлука во однос на проширувањето на ЕУ. За Софија, пак, непримерно е да и се поставуваат ултиматуми на Бугарија, а на притисокот може да се одолее доколку „се има јасни позиции кои го имаат предвид бугарскиот интерес“, пренесува МИА.

Премиерот Димитар Ковачевски на пригодната свеченост по повод 9 Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, порача дека создавањето на македонската  држава се оствари и низ учеството на партизанските единици на антифашистичкиот сојуз, на вистинската страна на историјата, а граѓаните на Северна Македонија и денес, вели, ја избраа Европа и Унијата затоа што се изградени на вредности во кои веруваме и ги практикуваме и ние.

-Оттаму, кога велиме дека ЕУ е избор на нашите граѓани, велиме дека тоа е и избор за економски посилна Европа, поправедна и побезбедна Европа која ни припаѓа на сите нас. Затоа сме горди и на овој избор, ја избравме иднината на ЕУ и иднината што му припаѓа на секој европски граѓанин. Северна Македонија секогаш ќе биде Европа. Тоа е нашиот избор за посигурна иднина за нашите млади и за идните генерации. Обединети во овој избор околу европските вредности може да се соочиме со предизвиците на нашето време, истакна премиерот Ковачевски.

Ковачевски синоќа исто така кажа дека решението до кое ќе се дојде во разговорите со Бугарија мора да биде доистоинствено и само така ќе има решение.

– Се додека немаме такво решение на маса, нема да има решение. Имаме Декларација во Собранието која е усвоена од сите политички партии и од власта и од опозицијата, и тоа само покажува дека Собранието е место каде што треба да се носат стратешки одлуки за државата, изјави Ковачевски во Дневникот на ТВ Сител.

Премиерот исто така потврди дека ЕУ ќе остане главна стратешка цел и определба и доколку остане бугарското вето после јуни.

– Уште на почетокот на својот мандант во врска со прашањето со Бугарија ниту еднаш не се врзував со датуми, ниту пак кажав кога треба да биде донесено решение, кажав дека ни е потребно брзо решение, а не избрзано. Јунскиот самит ниту еднаш од моја страна не бил споменат како пресвртна точка, рече Ковачевски.

Прашан да ја искоментира изјавата на шефот на дипломатијата Бујар Османи дека јуни е пресвртна точка и веројатно последна шанса земјава да ги почне преговорите, Ковачевски рече дека за секој процес што трае предолго, постои опасност да биде изгубена довербата во него.

Евроамбасадорот Дејвид Гир во обраќањето на свеченоста истакна дека ЕУ која ја славиме денес, е процес кој трае. Начелата на мирот врз кои е заснована таа, истакна Гир, се релевантни и порелевантни од кога било, но тоа е Унија на која и треба постојано обновување и Унија што е нецелосна без Западен Балкан како нејзин дел.

– Во стратешки интерес и на ЕУ и на регионот е процесот на пристапување да напредува сега. Во пракса ова значи итно отворање на преговорите за членство со Северна Македонија и Албанија. Паралелно земјата мора да продолжи да напредува во својот реформски пат за да биде целосно подготвена откако ќе ја преземе одговорноста за членството. Овие реформи започнуваат со зајакнување на владеењето на правото, борбата против корупција и опипливи чекори за подобрување на животот на граѓаните. ЕУ и нејзините земји членки ќе бидат покрај вас да ве поддржуваат во сите овие реформски чекори заедно со нашите меѓународни партнери, истакна Гир.

Амбасадорката на САД во земјава Кејт Мари Брнз смета дека секоја од нациите што денеска се тука имаат свој уникатен идентитет што потекнува од заедничкото искуство, заедничка историја за почит на демократијата, суверенитетот и територијалниот интегритет, на спротивставување на диктатурата и на обликување на нашата заедничка иднина. Обединетоста на народот на Северна Македонија со другите низ Европа, е суштинската идеја што стои зад Денот на победата врз фашизмот и Денот на Европа. Според неа, Северна Македонија треба да стане дел од Европската унија што поскоро.

– Вашето членство ќе донесе поголема сигурност и безбедност и стабилност на Балканот и низ Европа, ќе ги зголеми нашите напори да го направиме светот побезбедно и потпорно место каде луѓето ќе можат да живеат достоинствено и слободно. Ако ја завршиме оваа работа заедно со нашите партнери,  нема предизвици кои нема да може да ги надминеме, додаде таа.

Во интервју за МИА австрискиот министер за надворешни работи Александер Шаленберг, нагласува дека почетокот на преговорите со Северна Македонија и Албанија е најгорливото прашање, кое ЕУ треба да го реши за да го врати својот кредибилитет. Според него, изминатите месеци е направен суштински прогрес и сега е моментот за преминување кон следната фаза во процесот за интегрирање во Европската Унија. Билатералните прашања, наведува тој, треба темелно да се дискутираат и решаваат меѓу државите, но тоа треба да се направи на билатерално ниво, а не да се влече на сцената на ЕУ.

Во интервјуто за МИА тој вели и дека проширувањето не смее да биде легалистички, бирократски процес, туку геостратешки инструмент.

– Во моментов, имаме бирократски пристап во однос на процесот на проширувањето, кој не не доведе до значителен напредок изминатите години, вели шефот на австриската дипломатија, кој потенцира дека доколку ЕУ не дејствува брзо во однос на нејзините ветувања кон регионот, тој ќе се сврти за поддршка на друга страна. – Не постои вакуум во светската политика или е европскиот модел или некој друг модел, вели Шаленберг кој  денеска пристигнува во посета на Северна Македонија, од Софија, каде подвлече дека Виена се надева дека Албанија и Република Северна Македонија преговорите за нивното европско членство ќе ги започнат во јуни.

Берлин на 9 Мај – Денот на Европа излезе со јасна порака за брз почеток на преговорите со Северна Македонија и Албанија.

-Европската Унија никогаш повеќе не треба да дава празни ветувања и неопходно е конечно да се отворат претпристапните преговори со Северна Македонија и Албанија, изјави шефицата на германската дипломатија Аналена Бербок.

Германската државна министерка за Европа и клима, Ана Лирман, во однос на европската перспектива на Западниот Балкан, исто така, порача дека ЕУ мора сега да направи значителен напредок со отворање на пристапните преговори со Албанија и Северна Македонија, што е можно побрзо.

-За мене е јасно дека мораме да го исполниме нашето ветување. Постојат многу јасни правила во процесот на пристапување. Значи ако се спроведат реформи, тогаш овие земји ќе бидат чекор поблиску до ЕУ, изјави во интервју за Еурактив Лирман и оцени дека проширување на ЕУ е тесно поврзано со способноста на Унијата да дејствува, па во таа смисла е важно да има помала можност за вето во надворешната политика.

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ вчера на регионалниот настан во Париз порача дека сега е вистински момент Европа да го направи потребниот чекор за зачувување на вредностите кои се темел на Унијата, и да донесе политичка одлука во однос на проширувањето.

-Војната во Украина е последен повик за Европската Унија и нејзината политика за проширување со земјите од регионот, а за тоа е потребно силно лидерство и политичка одлука, која нема да се бирократизира, рече Маричиќ на регионалната иницијатива „Балкански дијалози“ чиj домаќин е францускиот Сенат.

Според него, ако Унијата не одговори на овој повик и Северна Македонија и Албанија не добијат датум за почеток на преговорите, тогаш цел Западен Балкан се остава на страна, без јасна перспектива и со можност за други надворешни влијанија.

Бугарскиот претседател Румен Радев вчера изјави дека Бугарија минатата година била изложена на сериозен притисок во врска со стартот на преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ, но го издржала тој притисок.

– Мислам дека и јас и преодната Влада ги образложивме причините и ги објаснивме позициите на Бугарија и тие беа прифатени. Станува збор за почитување на човековите права и говорот на омраза, што е некомпатибилно со европските принципи, истакна Радев по полагањето на венец на Споменикот на непознатиот војник во Софија, по повод Денот на победата над фашизмот.

Според него, на притисокот може да се одолее доколку „се има јасни позиции кои го имаат предвид бугарскиот интерес“. Сепак, вели, останува да се види дали Владата ќе го издржи притисокот.

Запрашан за коментар на изјавата на министерот за надворешни работи Бујар Османи дека можеби ова е единствената и последна шанса за да се спасат односите меѓу Северна Македонија и Бугарија и дека е веќе доста, бидејќи земјава направи се што можеше и не можеше да се направи, Радев со став дека е „крајно непримерно да и се поставуваат ултиматуми на Бугарија“.

Бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска вчера на прес-конференцијата со Шаленберг нагласи дека Бугарија направила значителни напори за промовирање на позитивна клима во билатералните односи со Република Северна Македонија, но дека вистински добрососедски односи се можни само со заеднички напори.

-Од Скопје очекуваме конкретни акции и гаранции за трајно и неповратно спроведување на Договорот од 2017 година како и гарантирање на правата на граѓаните на Република Северна Македонија со бугарска самосвест, изјави таа.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ВИ

    24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Канта за смет

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ